Македонија
Невработените кои првпат се пријавуваат во ФЗОМ не треба да носат потврда од АВРМ
Невработените лица кои за првпат се пријавуваат во ФЗОМ за стекнување на право на здравствено осигурување, не е потребно да доставуваат и потврда од Агенцијата за вработување на Република Македонија(АВРМ) дека се невработени лица.
„Тие лица во Подрачната служба на Фондот треба да поднесат барање за остварување на право на здравствено осигурување (теркот на барање е достапен преку веб страницата на ФЗОМ, www.fzo.org.mk или на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ)“, информираат од ФЗОМ.
Од таму појаснуваат дека кон барањето се приложува пријава за задолжително здравствено осигурување, копија од извод од матична книга на родени, односно венчани, копија од лична карта со согласност на подносителот на пријавата и здравствена легитимација.
„Со реализацијата на овој проект во насока на административни олеснувања во работењето се постигнува: осигурениците побрзо да ги остваруваат своите права, поефикасно работење и намалени гужви во подрачните служби на ФЗОМ, како и побрза размена на податоци помеѓу институциите ФЗОМ и УЈП“, информираат од ФЗОМ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

