Македонија
Ни Мијалков не се појави да сведочи пред Анкетната комисија
Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, не се појави во петок пред Анкетната комисија да сведчи за скандалот со прислушувањето телефонски разговори на државни функционери, граѓани, бизнисмени, новинари и други…
Анкетната комисија за прислушувањето, во петок, не успеа да го усвои дневниот ред бидејќи членовите од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ бараа да биде тргната точката за сослушување на Сашо Мијалков, а наместо неа да се стават две нови точки – барање од МВР и УБК да ги достават Извештаите од внатрешбната анализа до Комисијата и да се побара од специјалната јавна обивнителка Катица Јанева да ги достави до Комисијата прислушкуваните материјали и форензички анализи за да се утврди колку точно луѓе биле прислушкувани.
Точките не добија мнозинство од вкупниот број членови на Комисијата за да биде усвоена и седницата беше прекината.Инаку, членовите на комисијата од власта и од опозицијата се расправаа околу тоа кој го знае, а кој не деловникот, кога треба да се доставуваат записници и кој има право на процедурално обраќање и кога. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ неколку пати побараа од претседателот на комисијата Петре Шилегов да си поднесе оставка бидејќи, како што рекоа, не може или не сака да го почитува деловникот и побараа некој поискусен од неговата пратеничка група да седне на тоа место.„Денеска присуствувавме на продолжението на сагата наречена ,,да се оневозможи почетокот на работата на Анкетната комисија. Три дена присуствуваме на иста завршница, но во различни сценарија. Очигледно е дека ВМРО ДПМНЕ нема намера да овозможи пред оваа Анктена комисија да се појават повиканите сведоци и тоа сака да го направи според свое определено сценарио. Денеска за жал таквото сценарио беше зачинето со обиди за моја лична дискредитација и тоа го оставам на личното воспитување на пратениците на ВМРО ДПМНЕ“, рече Шилегов по седницата.Појасни дека се прават обиди за седница којашто веќе е закажана во текот на вчерашниот и во текот на денешниот ден кажано е јавно дека барањата на ВМРО ДПМНЕ коишто се однесуваат на работните групи, посета, барање на извештаи од тие работни групи е закажана веќе и тоа јавноста го посведочи, на 16-ти“, рече Шилегов.Според него, факт е дека денеска е спречен обидот да се појави пред Анкетната комисија Сашо Мијалков, којшто можел да посведочи за именувањето на судиите, за апсењето на Љубе Бошковски, за сваровски судиките, за пукањето што било вмровска работа и за ред други работи.Членот на комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, констатираше дека Шилегов, како што рече, може е добар правник во судница, но не ја води добро Комисијата зашто не го почитува деловникот што сам го напишал.Тој побара да биде доставена анализата која постои во МВР и УБК и се води под „строго доверливо“ и според таа анализа, ќе се утвределе сите факти без разлика на тоа кој од сведоците ќе дошол или не.„Ваквото однесување на СДСМ го навестува нивното однесување во понеделник. Очекувам дека на 14-ти декември кога треба да сведочи Никола Груевски нема да се создаде работна атмосфера за истото да се случи. Очекувам дека ќе се прават пречки, процедурални изјаснувања, барање паузи, прекинување седници со кои СДСМ ќе се обиде да го попречи обраќањето на оние што сакаат да дадат изјава“, рече Милошоски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

