Македонија
„Ние одлучуваме!“: Граѓани се жалат дека ги нема на Избирачкиот список
На бесплатната СОС линија 0800 88 888, на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“, во недела до 12 часот, добиени се повеќе повици од граѓани со поплаки дека ги нема на Избирачкиот список и поради тоа не можат да си го остварат гласачкото право.
Во консултации со Државната изборна комисија (ДИК), добиена е информација дека постои опција граѓаните кои ги нема во изводите од Избирачкиот списокот, да постојат на посебниот извод за гласање во странство, иако не поднеле пријава за гласање во странство.
Од таму ги советуваат граѓаните, доколку ги нема во изводот од Избирачкиот список, да побараат од избирачкиот одбор на нивното гласачко место да извршат проверка во посебните изводи од Изборниот список за гласање во странство. „Доколку ги има на посебниот извод, граѓаните ќе можат да си го остварат своето гласачко право и нивниот глас ќе се смета како важечки на територијата на Република Македонија“, велат од граѓанската акција.
Доколку ги нема воопшто на Избирачкиот список, граѓаните имаат право на приговор до Државната изборна комисија (ДИК). Образецот за приговорот може да се најде на следниот линк: https://drive.google.com/file/d/0B8ZpCwro9h-zMDJtU0dYeW9laVk/view. Приговорите граѓаните лично или преку овластен застапник ги поднесуваат до ДИК. Приговорите можат да се достават и до Општинската изборна комисија која е должна да ги достави до ДИК. ДИК се должни во рок од 4 часа од приемот на приговорот да донесат решение со кое ќе го уважат или одбијат приговорот. Доколку приговорот е уважен, а гласањето сѐ уште е во тек, граѓаните врз основа на ова решение ќе можат да си го остварат гласачкото право. Доколку приговорот е одбиен, граѓаните имаат право на тужба пред Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.
Граѓаните кои имаат проблеми со пополнување на приговорот, можат да се јават на бесплатната СОС линија 0800 88 888 или преку е-mail [email protected] при што ќе им се помогне да ги пополнат приговорите и ќе им се даде соодветна правна помош.
Граѓаните при остварувањето на своето гласачко право, доколку забележат нерегуларности во однос на нарушување на тајноста на гласањето, изборни притисоци, веднаш да пријават до набљудувачите, овластените претставници на подносителите на листите или избирачкиот одбор на гласачкото место и да бараат да се состави забележи во записник повредата, која понатаму ќе може да биде основа во постапка за заштита на избирачко право.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

