Македонија
Николоски на седница во Париз на Мониторинг комисијата
Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот, Александар Николоски, во среда и четврток ќе престојува во Париз, Франција, каде во својство на потпретседател треба да учествува на работата на седницата на Мониторинг комисијата и како член во Комисијата за политички прашања и демократија, соопшува од оделението за односи со јавнос во Собранието на Република Македонија.
На Мониторинг комисијата, која според Деловникот за работа своите седници ги одржува зад затворени врати, ќе се разгледува информацијата на известителот, г. Роберт Валтер по неговата постизборна посета на Република Македонија, во јули оваа година.
Дневниот ред предвидува информација и размена на мислења за мониторинг дијалогот на Парламентарното собрание на Советот на Европа со Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и постмониторинг дијалогот со Турција и Мароко.
На седницата ќе се дискутира и за најновите случувања во Украина и ќе се разгледува извештајот за напредокот на мониторинг постапката.
Комисијата за политички прашања и демократија, која ги разгледува политичките прашања за кои Советот на Европа има мандат како и ургентните политички состојби и кризи, на состанокот ќе се фокусира на спротивставувањето на облиците на неофашизам и ксенофобија, потоа состојбата на Блискиот Исток, насилството врз христијанските заедници на Блискиот Исток и Јужниот Медитеран, како и состојбата во Белорусија.
Се очекува пратеникот Николоски во Париз да оствари и повеќе билатерални средби., се вели во соопштението. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

