Македонија
Нов состанок на работната група за конечно решение
Работната група за спроведување на Договорот од Пржино, за излез од политичката криза, ќе се состане во четврток во 11 часот, а за каков било договор мора да се согласат сите четири партии, најави посредникот Питер Ванхауте за Алсат М телевизија.
„Работната група ќе се состане во 11 часот и за каков било договор мора согласност од сите четири партии. Во спротивно ќе нема договор“, изјавил посредникот Ванхауте за Алсат телевизија.Политичките партии се блиску до договор, а во четврток закажаната средба на работната група е за да се допрецизираат некои отворени прашања. По изборот на уште петмина јавни обвинители во тимот на специјалното обвинителство, со што Катица Јанева доби тим од 12 мина, постигнат е напредок и околу другите прашања, како за Законот за Влада, односно министерските овластувања, Анкетната комисија за прислушувањето, но се очекува и дефинирање на законите за дојавувачите и за објавувањето на „бомбите“.Во 11 часот е закажана и заклетва на назначените помошници јавни обвинители на специјалната обвинителка Катица Јанева, која во среда, по изборот на нејзините помошници рече дека може да се очекуваат првите обвиненија околу Нова година. За претседателот на судот Петар Аневски, дозволувањето на уште петмина помошници на Јанева е поради нејзините објаснувања во кои вели дека овие лица и се потребни затоа што имале искуство со работа на некои познати случаи од ОЈО, а доколку се појави конфликт на интереси, тие ќе бидат сменети. „Има наведено повеќе точки и тие за Советот беа прифатливи“, вели Аневски.Јанева, за некои медиуми во среда потврди дека веќе работи на триесетина случаи, за кои постојано добивала нови материјали./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

