Македонија
Нов Универзитет „Мајка Тереза“ ќе се отвора во Скопје

Отворање нов државен универзитет „Мајка Тереза“,што ќе работи на три јазици и тоа на македонски, албански и англиски, најави премиерот Никола Груевски, во недела, на вид во работите на СД „Медицинар“, во Скопје.
Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе има 14 студиски програми и тоа за прв и втор циклус на студии, а предвидено е да започне да функционира од следната академска година.
„Денеска донесовме одлука да се отвори уште еден универзитет во Скопје, кој ќе се вика „Мајка Тереза“. Исиот ќе биде на три јазици, македонски, албански и на англиски јазик и ќе има сериозна интернационална димензија бидејќи ќе има и професори и студенти и Македонци и Албанци, но и странци“, изјави Груевски.
Според премиерот, овој Универзитет покрај интернационалноста и мутинационалноста ќе внесе еден нов квалитет во високото образование во Македонија.
Универзитетот ќе има пет единици и тоа: факултет за градежништво и архитектура, факултет за технички и технолошки науки, факултет за информатички и факултет за социјални науки.
Министерството за образование и наука исто така предвидува да објави тендер за главен објект за новиот универзитет кој ќе биде лоциран во поранешната касарна „Илинден“./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.