Македонија
Нови 165 војници стапија во доброволна служба во АРМ
Нови 165 војници, меѓу кои 12 жени на доброволно служење во АРМ, во петок положија заклетва во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“.
Тие во наредните три месеци ќе бидат обучувани од инструктори од Центарот за индивидуална обука во Велес, кои ќе се запознаат со основната воена обука и воедно тие ќе претставуваат база за понатамошниот избор на професионални војници.
„За сите нас, исполнувањето на уставната обврска за чување и бранење на територијалниот интегритет и суверенитет на татковината, претставува чест, гордост и највисок чин на патриотска должност. Со свечената заклетва вие се обврзавте на тоа, да ја браните татковината и највисоките уставни и човекови вредности“, порача министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Имајќи предвид дека оваа година ќе се распише уште еден конкурс за прием на нови 125 професионални војници, при што услов е граѓаните да имаат завршено доброволно воен рок, министерот Јолевски дополнително порача: „Вашиот избор Ви ја отвора можноста да продолжите со надградбата на воената професија во професионалниот состав на служба во Армијата на Република Македонија. Со ова ќе Ви се отвори можност да станете столб на одбрана на нашата татковина“, рече Јолевски.
Во рамки на свеченост се обрати и командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Љупчо Костовски кој најнапред истакна дека денес присуствуваме на давањето заклетва на 25-та јубиларна генерација на војници.
„Со овој свечен чин овие млади луѓе се приклучија на големото семејство на Армијата на Република Македонија“, рече полковникот Костовски.
На денешната свеченост покрај министерот Јолевски, присуствуваа и заменик началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Насер Сејдини, останати високи претставници и офицери од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, претставници на локалната самоуправа, граѓани и родители на новите доброволци. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.
Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.

