Македонија
Нови термини за одвивање на сообраќајот за патот Скопје – Македонски брод
Од 27 октомври воведени се нови термини за одвивање на сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски брод низ Јасен. Во правец од Скопје кон Македонски Брод сообраќајот се одвива од 07:30 до 08:30, и од 14:30 до 15:30 часот. Во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 06:00 до 07:00, и од 16:00 до 17:00 часот.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. Долж речните текови има појава на утринска магла.Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од З.П. Кула – до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.На патниот правец Велес-Штип се врши реконструкција и рехабилитација од депонијата Велес до с.Лозово.Од ГЕИНГ инжинеринг информираат дека за проектна документација за рехабилитација на државните патишта, од 19.08.2014 год. се започна со активности на патиштата, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи на следните патни правци: на државен пат Р2343 (Р-502), делница Делчево – Голак, на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, на државен пат Р2335 (Р-512) и Р2336 (Р-514), делница Лажани – Ропотово – Црнилиште (Општина Долнени), на државен пат Р1402 (Р-605), делница од Старо Коњарево до Ново Коњарево, на државен пат Р2335 (Р-512) делница Кривогаштани – Обршани – ВоѓаниРаботите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, а активностите се очекува да бидат со времетраење од 4 месеци.На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините./крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината забраната за камиони на патот Струга – ГП Ќафасан
Во 10:45 часот на патниот правец А2 Струга – ГП Ќафасан се прекинува забраната за движење на тешки товарни возила, информира АМСМ.
Забрани за тешки товарни возила утрово се воведени на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Македонија
Објавено колку Македонци живеат во Германија
Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле да ги престигнат Турците, кои со децении се на првото место. Според податоците од Централниот регистар на странци (AZR) од 30 ноември 2025 година, во Германија се регистрирани 1,52 милиони турски државјани и повеќе од 1,4 милиони Украинци, објавува FOCUS.
Бројот на имигранти од Украина значително се зголеми поради руската војна што започна во февруари 2022 година. Оттогаш, стотици илјади жени, деца и мажи бегаат од Украина во Германија.

За споредба, на крајот на 2020 година, во Германија живееле 135.000 украински државјани. Сега, потребни се само околу 125.000 украински имигранти за да се заземе првото место на ранг-листата.
Меѓу водечките групи странци се државјаните на Романија, Полска, Бугарија и Хрватска, која е на деветтото место со 414.555 луѓе. Македонија е на 22. место со 161.044 наши државјани што живеат во Германија.
Исто така, постојат бројни заедници од големи земји како што се Русија, Кина и Индија, соседна Австрија и конфликтни зони како што се Ирак и Иран.
На крајот од статистиката се помалите земји од кои само неколку луѓе официјално живеат во Германија, како што се Света Луција, Вануату, Маршалските Острови и Ватикан.
Според најновите податоци, во Германија живеат точно 14.077.867 странци. Со оглед на тоа што Германија има околу 83,6 милиони жители, процентот на странци во вкупното население е околу 16,8 проценти.
Бројот на луѓе со миграциско потекло е значително поголем. Покрај странците, оваа група ги вклучува и децата на странци родени во Германија кои добиле германско државјанство по раѓањето, таканаречените „доцни имигранти“ (Spätaussiedler) од Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз и натурализираните странци.

Според микропописот од 2024 година, речиси 25,2 милиони луѓе во Германија имале миграциско потекло, што претставувало повеќе од 30 проценти од вкупното население.
Статистиката на Централниот регистар на странци наведува повеќе од 200 земји и региони на потекло. Бројките вклучуваат и лица без државјанство (околу 28.500) и случаи со необјаснето потекло (околу 88.700).
Од вкупно 14 милиони странци, околу 230.000 се должни да ја напуштат земјата. Сепак, 190.360 од нив имаат „Duldung“ (привремен престој), додека речиси 40.000 луѓе живеат во Германија без овој статус и треба веднаш да ја напуштат земјата.
Меѓу оние кои мора да ја напуштат земјата, водечка земја на потекло е Турција со речиси 23.900 граѓани, од кои околу 20.500 имаат „Duldung“. Од Авганистан и Сирија, главните земји на потекло на барателите на азил, вкупно повеќе од 22.100 луѓе се обврзани да ја напуштат земјата, од кои 19.500 имаат „Duldung“.
Македонија
Министерство за транспорт: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење поради врнежи од снег
Сите државни патишта во земјата се проодни и безбедни за сообраќај, соопшти Министерството за транспорт. Сообраќајот се одвива непречено, но поради актуелните врнежи од снег надлежните препорачуваат внимателно и прилагодено возење.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека нивните екипи се целосно мобилизирани, со располагање на потребната механизација и работна сила, и во континуитет вршат расчистување на снегот на терен. Активностите се координираат со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт со цел да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот низ целата држава.
Од Министерството апелираат возачите задолжително да користат зимска опрема, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на условите на патиштата. Дополнително, се препорачува навремено информирање преку сите достапни информативни центри за состојбата на државните патишта.
Координираните активности на надлежните институции ќе продолжат и во наредниот период.

