Македонија
Новинарите во четврток на протест
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот Синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) и Македонскиот Институт за медиуми (МИМ) во четврток органзиираат протест пред Клуб на пратеници.
Причина за протестот е незадоволството поради одбивањето на политичките партии да ги вклучат претставниците на новинарите на медиумите и на медиумските организации во разговорите за подобрување на состојбата со слободата на медиумите. „За нас, е неприфатливо да се зборува за новинарите и медиумите а притоа тие да не бидат вклучени во процесот. Новинарите, медиумите и јавноста имаат право да знаат за што политичките партии разговараат и за што се договараат во Клубот на пратеници. Ние имаме право да знаеме кои решенија се предложени. Бараме да ни се даде можност да се чуе и нашиот глас пред тие решенија да бидат донесени во Собранието.Ние како организации инсистираме решенијата да бидат системски и одржливи со кои на подолг рок треба да се обезбедат подобри услови за работа на новинарите и медиумите“, се вели во соопштението на новинарските здруженија.Работните групи во среда ги продолжија разговорите за постигнување на договор за регулирање на медиумската област, без новинарските здруженија иако минатата недела здруженијата се заканија со протест ако не бидат вклучени во разговорите. Тие се револтирани поради двојното зголемување на казните за медиумите и изедначувањето на медиумите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

