Македонија
Oд денеска постудено време со обилни врнежи од дожд
Времето денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови.
На места врнежите ќе бидат поројни, а ќе има и услови за појава на грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Поради изразеното јужно струење ќе има транспорт на пустинска прашина, што ќе предизвика на места дождот да биде обоен. Попладне во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени, јави УХМР.
Во Скопје претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Во наредните денови до четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во вторник и в четврток на одредени места ќе бидат пообилни. На повисоките планини се очекуваат врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Според последните информации од УХМР, од петок под влијание на продор на постудена воздушна маса ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

