Македонија
Oпштина Гази Баба почнува хуманитарна акција „Месец на хуманост – #Гази Баба се грижи“
Општина Гази Баба почнува со хуманитарната акција „Месец на хуманост – #Гази Баба се грижи“, која ќе ја отвори градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, во Автокоманда, во 12 часот. Акцијата ќе трае еден месец, од денеска до 2 ноември.
Акцијата опфаќа донирање храна, облека и мебел за лицата од ранливите категории, а ќе се организираат и екоакции за чистење неколку клучни локации во општината, активности за подигнување на свеста за селектирање, рециклирање и собирање отпадно масло за јадење, како и посебни денови за грижа на домашни миленичиња.
Партнери на Општина Гази Баба во спроведувањето на оваа акција се „Сите сити – Ајде Македонија“, „Љубезност“, Црвениот крст при Гази Баба, „Копче“, „Ретвитни оброк“, „Лице в лице“, „Пакомак“, „Суниленс“, „Нула отпад“ и „Шепасти ентузијасти“.
Исто така, во акцијата „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи“ ќе бидат вклучени сите вработени во општинската администрација, бизнис-заедницата, како и огромен број јавни личности, функционери и волонтери, кои несебично се понудија да го дадат својот придонес во рамките на оваа активност,
„Со ова акција сакаме да покаже дека секој граѓанин за нас е важен и добива еднаква шанса. Хуманоста и солидарноста се од најголема важност, особено во период кога се соочуваме со Ковид-19, вирус што ни го промени животот, но и остави многу наши сограѓани со нееднакви шанси и можности за секојдневно функционирање и егзистенција“, соопштија од Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Илинден и Кисела Вода
ЕВН извести дека денес без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.25 до 15.30 часот, корисниците од улиците број 10, 513, 517, 529 и 532, како и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Томе Арсовски и ул.474.( општина Кисела Вода )
Македонија
Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од петок следува стабилизирање на временската состојба. За време на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и студени, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата.
Македонија
Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово
Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците.
Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19, и двајца роднини на хоспитализираните.

