Македонија
Oд понеделник ќе се наплаќа паркинг во „Ист гејт мол“ – објавено колку ќе чини

Почнувајќи од понеделник, 9 октомври, трговскиот центар „Ист егјт мол“ воведува систем за наплата на паркингот по речиси две години од отворањето на трговскиот центар.
Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој почнат час.
„Иако се менува режимот на паркингот, цената е пониска од просечната цена на паркингот во главниот град. Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата, и тоа на следните локации: ниво 2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавницата „Крусел“ (југ) и „Кар бокс“ (север), на ниво 1, излез кон паркинг, на паркоматите поставени кај продавниците „Нептун“ (југ) и „5 центар“ (север)“, велат од Трговскиот центар.
На паркоматите ќе може да се плати со банкноти, но и со дебитни и кредитни картички.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.