Македонија
Од утре во сила стапуваат измените на Кривичниот законик, додека јавноста уште ги полемизира

Додека во јавноста се полемизира за измените на Кривичниот законик, тие од утре стапуваат во сила. Во „Службен весник“ беше објавен со датум 7 септември, а во сила влегува најрано осмиот ден од денот на објавувањето, што би значело 14 септември. Измените во Кривичниот законик се однесуваат на 38 члена за кои власта рече дека 35 се за усогласување со директивите на ЕУ, а Европската комисија е загрижена за нив.
Ова значи дека од утре ќе има помали казни за двете кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластувањето, како и злосторничко здружување. Притоа се воведува граница на максимална казна, а се укина и еден став од делото злоупотреба на службената положба и овластувањето. Сето ова, пак, носи и побрзо застарување на делата.
Стапувањето во сила на овие измени ќе значи и дека застаруваат дела во предмети на СЈО, како „Таргет – Тврдина“, „Тендери“, „Титаник“, ТНТ, „Талир“, „Траекторија“. Во сите предмети ефектирани од измените се опфатени над 80 лица.
Во најмалку 14 судски процеси познати во јавноста, каде што на обвинителна клупа седат поранешни функционери, ќе настапи застареност на кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Речиси сите судски случаи се предмети што ги отвори сега расформираното специјално јавно обвинителство (СЈО), а во нив се опфатени над 80 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.