Македонија
Oпозицијата реагира: Процесот за договорот беше нетранспарентен, така и ќе продолжи

Целокупниот процес поврзан со штетниот и капитулантски Преспански договор беше нетранспарентен и очекуваме да продолжи на истиот начин, реагира ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на премиерот Зоран Заев кој изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се најде заедничко решение меѓу власта и опозицијата и дека мнозинството ќе расте.
„Зоран Заев ја погреба демократијата во Македонија. Тој не поседува никакви демократски капацитети, а уште помалку европски вредности. Тоа јасно го покажа кога како на тезга со корупција, уцени и закани обезбедуваше мнозинство во парламентот. Заев е одговорен за газењето на уставот, законите, демократските процедури и принципи и најважно од се газењето на волјата на граѓаните. Со тоа само создаде дополнителни поделби во општеството и ја наелектризира целокупната состојба во државата и за тоа единствено одговорен е Зоран Заев и криминалниот картел на власт. Тој мисли дека со пари, уцени и закани може да купи се, но не може да ја купи волјата на граѓаните“, се вели во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.