Македонија
Oсмани во Брисел ќе се сретне со Борел

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе престојува во работна посета во Брисел, во чии рамки ќе оствари средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, а ќе се обрати на конференцијата „Повеќе од дезинформации: Зајакнување на нашите општества против странските манипулации и влијанија врз информациите“.
Конференцијата е во организација на Жозеп Борел, а ќе учествуваат и претседавачот на Специјалниот комитет за странско мешање во демократските процеси и групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Рафаел Глуксман, помошник-генералниот секретар за јавна дипломатија на НАТО, Мари-Доха Бесансот, како и заменик-генералниот секретар за глобални комуникации на Обединетите нации, Мелиса Флеминг.
Во рамките на конференцијата, чија цел е градењето отпорност против дезинформациите, ќе се презентира вториот извештај на Европската служба за надворешни работи со фокус на дезинформациите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.