Македонија
Oсмани: Одложувањето на европскиот пат може да има сериозни регионални последици
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес учествуваше на форумот за односите меѓу Европската Унија и Балканот, во организација на АЛДЕ – Алијансата на либерали и демократи за Европа, Атланскиот совет на Бугарија и Европскиот либерален форум и кофинансиран од Европскиот парламент, а на кој учествуваат политичари, високи официјални претставници од ЕУ и од регионот и експерти.
Министерот Османи имаше обраќање на панелот со наслов „Придобивки од интеграцијата“, на кој, модерирани од поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Фередика Могерини, настапија и министерките за надворешни работи од Албанија и Косово, заменик-министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина и Турција и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархељ.
Во своето излагање министерот Османи се осврна на актуелниот геополитички момент во Европа и неговиот ефект со пошироки последици за Балканот од аспект на безбедноста, стабилноста и економската состојба, но и во пресрет на евроинтегративните процеси на државите од регионот.
„Во седмиците што следуваат одлуките донесени на ниво на ЕУ ќе бидат од суштинско значење за иднината на Западен Балкан и неговата ЕУ-перспектива. Секое натамошното одложување на овој пат може да има сериозни регионални последици“, потенцира министерот Османи.
Порачувајќи дека евроинтеграцијата значи подобро справување со заедничките предизвици и уште поважно запечатување на припадноста во семејството на слободниот, демократски и прогресивен свет, министерот Османи истакна: „Придобивките од интеграцијата во ЕУ се повеќекратни и ние ги живееме речиси 20 години, но тие треба да продолжат, да се негуваат и да се доведат на повисоко ниво – почеток на пристапните преговори, што следствено ќе има поголем трансформативен и мобилизациски ефект“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

