Македонија
Облачно и магливо по котлините

Променливо облачно со магла по котлините. Претпладне со слаб локален дожд, на планините со слаб снег. Ќе дува слаб јужен ветер.
Дневните температури ќе се движат од 5 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 8 степени. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Поради незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.