Македонија
Облачно со локален дожд и грмежи

Променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи, особено на југот и на истокот од земјава, најавуваат за среда од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.
Утринските температури се движат од 9 до 18 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 19 до 30 степени. Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 27 степени.
До четврток ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд, претежно во јужните делови, проследени со ретки грмежи. Ќе дува и повремено засилен северен ветер.
Од петок се очекува стабилизација со постепен пораз на дневните температури. крај/ухмр/мф
Извор: ухмр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Краткотраен притвор досега за вкупно 17 лица за пожарот во дискотеката во Кочани

На уште едно лице му е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со трагедијата во Кочани со што вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка се искачи на 17 лица.
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вчера изјави дека покрај 16-те лица, на уште едно лице ќе му биде определен 48-часовен притвор.
Најави брза и ефикасна истрага која ќе биде најпрофесионално изведена. Според него, се работи за многу тежок, комплициран предмет во кој има многу жртви.
Меѓу притворените на кои им е изречен 48-часовен притвор се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски.
На дел од оние на кои им е изречена оваа мерка, вечерва им истекуваат 48-те часа.
Македонија
(Видео) Нова снимка направена пред дискотеката „Пулс“ во Кочани

Нова снимка од ноќта кога 59 луѓе загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани се појави на социјалните мрежи.
На снимката, која е направена пред влезот на дискотеката, се гледа како луѓето панично бегаат во обид да се спасат.
Македонија
Таравари: Eкспертски тим од Министертвото за здравство ќе ги разгледа сите факти за смртта на 32-годишникот од Куманово

„Во овие тажни часови за сите страшна вест ми стигна од Куманово. Животот на еден млад човек беше скратен на својот врв. 32-годишниот се викал Ведат Адеми“, објави на социјалните мрежи министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Јас сум на првата линија на кочанската трагедија и срцето ми е скршено деновиве, а за Ведат беше уште еден удар… Изразувам сочувство до семејството!
Ја чувствувам болката на татко му, кој со свои нозе го однел синот во болница! Го разбирам неговиот револт кон докторот за кој се сомнева дека направил лекарска грешка!
Наредив експертски тим од Министертвото за здравство да ги разгледа сите факти и доколку тоа се докаже, ги повикувам правосудните органи строго да го спроведуваат законот!
Без никаков компромис, бидејќи грешките ни ги земаат најскапоцените работи…“, додава Таравари.