Македонија
ОБСЕ донираше компјутери на Бирото за јавна безбедност
Мисијата на ОБСЕ во Скопје донираше 18 „HP“ десктоп компјутери и 18 „HP“ монитори на Бирото за јавна безбедност.
Донацијата на директорот на БЈБ, Митко Чавков во просториите на Министерството за внатрешни работи ја предаде Виктор Соцки, в.д. раководител на Отсек за развој на полиција при Мисијата.
Оваа донација е дел од поопшта заедничка активност, спроведена согласно договорениот список на активности извршени во рамки на унифицираниот буџет на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за 2016 година, која цели кон институционално зајакнување на капацитетите во рамки на структурите на МВР во областа на криминалистичка анализа и споделување разузнавачки информации. Заедно со досегашните завршени активности од Националната и регионална проценка на закани од сериозен и организиран криминал (SOCTA), оваа активност го надополнува и придонесува за идниот модел на Полициска работа водена од разузнавање во земјата.
Оваа активност е уште еден пример на плодната и ефективна соработка меѓу Мисијата на ОБСЕ и МВР./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

