Македонија
ОБСЕ: Изборниот ден помина добро, политичарите сега да ја искористат можноста за справување со кризата
Меѓународните набљудувачки мисии сметаат дека изборниот ден во неделата помина добро, и дека останува на политичарите и политичките партии сега да ја искористат можноста за решавање на политичката криза, рече во саботата специјалниот претставник на ОБСЕ Роберто Батели.
„Предвремените парламентарни избори на 11-ти декември претставуваа суштински чекор во решавањето на двегодишната длабока политичка криза. Како позитивен аспект, главните политичките сили прифатија низа законски и институционални промени за да обезбедат еднаков терен за натпревар за овие избори. За подлабоките прашања како што се регистрацијата на гласачи и медиуми, останува да се бара одржливо решение“, се вели во извештајот на ОБСЕ.
Од таму даваат дека додека „кампањата беше конкурентна, се одвиваше во атмосфера на недоверба на јавноста во институциите и политичкото уредување и наводите за принуда на гласачите“. „Изборната администрација се соочи со проблеми при подготовката за избори и проби голем број рокови, но денот на изборите во најголем дел помина добро без поголеми инциденти“, стои уште во извештајот на ОБСЕ.
Според меѓународните набљудувачи, граѓаните ја сфатиле важноста за улогата на изборите и сега од новата влада се очекува спроведување на реформите во институциите. „Македонија се наоѓа на крстопат кој отвора можност за нормализирање на политичкиот живот. Политичарите мораат да ги спроведат препораките од ЕУ за да се вратат на патот кон евроинтеграциите“, изјави шефот на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Штефан Шенах./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

