Македонија
Обучени над 300 државни службеници

Денес одбележуваме обединување на напорите на Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Норвешка во една цел: поддршка на реформите што водат кон членство во Европската Унија и НАТО,“ рече вицепремиерот Арбр Адеми на денешното свечено затворање на проектот „Одржлив систем за ЕУ обуки“.
Во своето обраќање кон присутните, вицепремиерот Адеми ја истакна досегашната 12- годишна билатерална соработка меѓу Македонија и Норвешка, која опфаќа поддршка за подобро функционирање на институциите, ефикасен пазар на енергија, интегрирано општество преку интегрирано образование, и многу други области и најави дека соработката ќе продолжи и понатаму преку нови проекти. „Еден од нив би бил и креирање на Платформа за следење, соработка и поддршка што ќе ги обедини клучните институции опфатени со Итните реформски приоритети, под водство на СЕП“, подвлече Адеми.Проектот „Одржлив систем за ЕУ обуки“ обезбеди специјализирани обуки за повеќе од 300 државни службеници од над 30 институции, кои се членови на работните групи за спроведување на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, кои беа реализирани во Скопје и Брисел, а денес им беа доделени сертификати на најуспешните 180 кандидати. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Патот од Подмоље до Охрид од вечерва ќе биде пуштен за сообраќај

Од вечерва ќе се пушти во сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево -Охрид, информираат од Министерството за транспорт.
По тој повод вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница.
Констатирано беше дека изградбата на автопатот се одвива според договорената динамика и покрај бројните проблеми во минатото.
„Градбата на автопатот Охрид- Кичево беше во целосен застој во време на СДСМ и ДУИ, цели 7 години не се работеше ништо. Со доаѓањето на ВМРО -ДПМНЕ на власт почна да се работи со полна динамика и се очекува до крајот на 2026 целиот автопат Охрид- Кичево да се пушти во функција“, велат од Министерството.
Делницата Подмоље – Охрид беше затворена за сообраќај според одобрен времен режим се со цел да се комплетира нејзината изградба. Во меѓувреме сообраќајот се одвиваше со стариот регионален пат што предизвика големи гужви, особено во деновите за време на викендите и празниците.
Македонија
Северна Македонија заслужува членство во ЕУ – Пленковиќ и Мицкоски разговарале по телефон

Хрватска ќе продолжи силно да ја поддржува Северна Македонија, која заслужува членство во ЕУ, му рекол хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на својот македонски колега, Христијан Мицкоски.
Двајцата разговарале телефонски, а станало збор за понатамошната динамика на европскиот пат на Северна Македонија, како и за претстојниот Извештај за напредокот и ситуацијата во Југоисточна Европа, информираше Пленковиќ на социјалните мрежи по разговорот со Мицкоски.
S premijerom @MickoskiHM 📞 razgovarao sam o daljnjoj dinamici europskog puta Sjeverne Makedonije, predstojećem Izvješću @Europarl_EN o napretku i stanju na jugoistoku Europe. Hrvatska će nastaviti snažno podupirati Sjevernu Makedoniju, koja zaslužuje članstvo u EU-u! 🇭🇷🤝🇲🇰 pic.twitter.com/2PlzAd5fOu
— Andrej Plenković (@AndrejPlenkovic) June 21, 2025
Македонскиот премиер соопшти дека телефонскиот разговор бил во пресрет на извештајот на Европскиот парламент.
„Продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме. Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем поттик и охрабрување за сите нас. Македонија заслужува членство во Европската Унија, но со крената глава“, напиша Мицкоски на Икс.
Имав телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, @AndrejPlenkovic. Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што… pic.twitter.com/W7I6jqx9H5
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) June 21, 2025
Македонија
СДСМ: Со фирма без вработени РЕК Битола потпишала спогодба за чистење, управителот – молер со кривична историја во Германија

Обвинувања за раководството во РЕК Битола упати Методија Илиевски од СДСМ во изјава за медиумите и го повика Обвинителството да отвори постапка.
Тој рече дека она што се случува во РЕК Битола не е никаква саботажа, туку корупција од епски размер и местење на тендери за неспособни партиски фирми.
„Суштината на скандалот е следна, новото раководство на РЕК Битола, поставено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и лично блиско до премиерот Мицкоски, потпишало рамковна спогодба вредна 150 милиони денари за чистење со фантомска фирма без ниту еден вработен. Компанија без техничка опрема, без кадар и без искуство. И како шлаг на тортата – управителот, неофицијално, е молер со кривична историја во Германија. И како што секогаш бива, се случува хаварија во РЕК Битола, пожар. Блоковите испаѓаат од мрежата а ЕСМ веднаш излегува со термин – „саботажа“, изјави Илиевски.
Вели дека вистинската саботажа е од страна на директорите кои наместо да ангажираат сериозна фирма која може да ги испорача услугите за кои склучила договор од 2,5 милиони евра, тие ги тераат работниците сами да чистат. Чистат без соодветна опрема, без опис на работно место, без дополнителен надомест.
СДСМ тврди дека РЕК распишал оглас со брутално прецизни и тешки услови за понудивачите. Побарале минимум 330 ангажирани работници, тешка механизација, логистика за 24/7 за интервенции. Сето тоа на хартија. Во реалноста – добиле компанија која не може да ги исполни ни 1 отсто од тие услови, односно наместо да ги има вработените и опремата, фирмата склучува договор дека ако го добие тендерот, ќе ги обезбеди.
СДСМ го праша премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе одговара? Дополнително партијата прашува кој ја потпишал оваа рамковна спогодба, кој дозволил оваа фирма воопшто да влезе во процедура, зошто јавноста е лажена и зошто документите се кријат, дали ЕСМ ќе ја активира банкарската гаранција за неспроведените обврски.
Партијата ги повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за ревизија – веднаш да отворат постапка.