Македонија
Обвинителот побара да му се одземе пасошот на Заев, одложено и второто рочиште за „Пуч“

Јавниот обвинител во случајот „Пуч“ во понеделникот достави предлог до судот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да му се одземе патната исправа, а да му се укине мерката на претпазливост со која требаше секој понеделник да се јавува во струмичкиот суд..
Второто рочиште за случајот „Пуч“ и денеска се одложи, а лидерот на опозицијата Заев повторно не дојде во судот.
По предлогот на обвинителот треба да се произнесе кривичниот совет при Основен суд Скопје-1.
Предлог на обвинителството доаѓа на само една недела пред рокот до којшто треба да се избере специјалниот обвинител, кој според политичкиот договор треба да решава и за „Прислушувањето“ и за „Пуч“.
Заев во процесот „Пуч“ е четвртообвинет и се товари за насилство кон државни функционери.
На минатото судско рочиште не се појави лидерот на опозицијата, изјавувајќи дека не го почитува судот кој, според него, е под целосна контрола на власта. /крај/мф/фф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвинителството: Во тек се рочишта за определување притвори

Обвинителството утрово извести дека во тек се рочишта за определување притвори, а бројката е истата од последната информација синоќа.
Од таму додаваат дека во текот на денот ќе има информации за другите дејствија кои се преземаат.
Македонија
Каролина Гочева: „Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, занемени од болка“

„Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, колеги Андреј, Сара, Ѓорѓи, Александар Коларов, Александар Ефремов, Филип, Игор….“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева на социјалните мрежи.
„Ќе продолжат да живеат во секоја песна и секое срце кое го имаат допрено преку нивната работа. Занемени сме од болка!
Најдлабоко сочуство до нивните семејства и најблиски!“, напиша Каролина Гочева.
Македонија
„Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата човечност…“: Калиопи потресно се прости од Андреј

Популарната македонска пејачка Калиопи со потресни зборови се прости од Андреј Ѓорѓиески, член на бендот „ДНК“, кој трагично загина во пожарот во дискотека во Кочани.
Пејачката се осврна на неговиот херојски чин, кога, според сведоштвата, Андреј се вратил во дискотеката за да ги спаси децата по катастрофалниот пожар кој брзо се проширил.
„Андреј…срцево ми се кине на сто парчиња…а душава ПАРАМПАРЧЕ…
Твојата милост и убавина не изостанаа ни во последните мигови пред заминеш засекогаш, спасувајќи други животи…
Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата чоечност…
Но, не мораше вака…И ова не смее да е крај…чувствувам тага и бес… не смееше да е вака…
Ќе те чувам заедно со нашите спомени, мило дете…“, напиша таа.