Македонија
Од среда забрана за движење на тешки товарни возила на патот Скопје-Охрид-Скопје

Од среда, 01.07.2015 година, ќе почне примената на времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони, соопштуваат од АМСМ повикувајќи се на информација од Министерството за транспорт и врски.
Во однос на ограничувањето од минатите години има измена во временските интервали, со цел овозможување на движење на тешките товарни возила во малку поширока временска рамка.Измената во временските интервали е следната:Наместо временските периоди за време на викендите и тоа петок од 15.00 до 24.00 часот, сабота од 07.00 до 24.00 часот и недела од 07.00 до 24.00 часот, забраната би се однесувала на период за време на викендите и тоа петок од 15.00 до 22.00 часот, сабота од 07.00 до 12.00 часот и од 18.00 до 24.00 и недела од 07.00 до 22.00 часот.Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 01.09. секоја тековна година./крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)