Македонија
Од затворот тврдат дека не добиле наредба за спроведување на обвинетите од „Монструм“
Во затворот „Идризово“, каде се сместени осудените од „Монструм“, Агим Исмаиловиќ и Хаки Азири не добиле наредба за спроведување во Апелациониот суд каде што во понеделникот требаше да се одржи јавна седница.
Директорот на затворот, Живко Пејковски тврди дека во нивната архива нема стигната никава наредба. „Доколку не ги бараат ние не можеме самите да ги носиме во судот“, вели Пејковски.Судијката Љуљана Ивановска Шоповска, претседателка на судскиот совет на јавната седница рече дека имало уредни покани за осудените и ја одложи седницата за на 11 септември.Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави „бомба“ со прислушувани разговори во кои, наводно, се откриваат нови факти поврзани со случајот. Како што вели тој, овие разговори „фрлаат нова светлина на процесот против осумтемина обвинети“. Од СДСМ најавија дека објавувањето на овие разговори ќе зависи од постигнувањето на политички договор меѓу четирите партии.Доколку се постигне договор, доказите за „Монструм“, што наводно ги поседува најголемата опозициска партија, ќе бидат предадени на надлежните органи.На рочиштето во понеделникот требаше да биде разгледана и жалбата поднесена од јавниот обвинител кој бара осудителна пресуда за обвинетиот Сејди Рами кој, поради недостигот од докази, беше ослободен од вина.Маскарот кај Смилковското Езеро се случи на 12-ти април 2012 година, на христијанскиот верски празник Велипеток. Брутално е стрелано во Цветанчо Ацевски (19), Кире Тричковски (21), Александар Накевски (18), Филип Славковски (20) и повозрасниот Борче Стевковски (45). Обвинителството ги обвини Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сејди Рами Сејди, а Хаки Азири беше обвинет за помагање по извршено дело тероризам.По првостепената пресуда беа изречени шест казни доживотен затвор и една ослободителна пресуда, но незадоволство од текот на судењето и од висината на изречените затворски казни се прелеа на улиците, па роднини и пријатели на осудените со денови протестираа пред Основниот суд Скопје 1, а некои од демонстрантите, поради насилство, завршија в затвор./крај/мф/ффс
Извор: Фокус
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

