Македонија
Одбележани осум години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
По повод навршувањето на осум години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ, на спомен обележјето кај катлановско Блаце венци со свежо цвеќе положија министерот Зоран Јолевски и заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, заедно со делегации на Министерството за одбрана и генералштабот на АРМ, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Здружената оперативна команда на АРМ, вбр, Првата механизирана пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр.
Почит на загинатите со едноминутно молчење и венци со свежо цвеќе од страна на делегации од Здружената оперативна команда и Воздухопловната бригада беа положени и пред спомен обележјето пред командата на вбр и во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Осум-годишнината од несреќата на армискиот хеликоптер беше одбележана и во кампот Бутмир, Сараево, каде мировниците беа дел од мисијата „АЛТЕА“.
Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12 јануари 2008-та година кај катлановско Блаце, враќајќи ги потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

