Македонија
Одбележување на 70 години од одржувањето на Првата главна конференција на АФЖМ
Седумдесет години од одржувањето на Првата главна конференција на Антифашистичкиот фронт на жените на Македонија(АФЖМ), ќе бидат одбележани во петок во Скопје, во организација на Секцијата на жени борци и Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија.
Токму пред седум децении, во виорот на народно ослободителната и антифашистичка војна, жените во Македонија за прв пат станаа полноправни граѓани, со право да бираат и да бидат бирани, рамноправно да учествуваат во општествено – политичкиот живот, да бидат на места каде се одлучува за битни прашања. Слободно може да се рече дека ова достигнување на жените на Македонија има револуционерен карактер. На одржувањето на Првата главна конференција на АФЖ на Македонија, му претходеше првото заседание на АСНОМ, на кое се прогласи новата држава на Балканот – Република Македонија. Особено значајно за жените е што на ова државотворното заседание на АСНОМ беше усвоена и Декларацијата за основните граѓански права, со која покрај другото се гарантираше родовата еднаквост во земјата.
Седумдесет годишниот јубилеј од конференцијата на која за првпат е дефинирана и заверена рамноправноста на жените во Македонија нераскинливо е поврзан со одбележувањето на Светскиот ден на човековите права – 10. Декември, што има повеќе од симболично значење со оглед на фактот дека правата на жената кои ја гарантираат нејзината рамноправност се едни од темелните човекови права.
„Жените во Македонија не добија ништо на подарок. За сѐ се изборија во текот на народно ослободителната и антифашистичката војна. Одбележувањето на 70-години од одржувањето на Првата главна конференција на АФЖ има за цел да се потсетиме на некои важни работи од нашето славно минатото кои можат да нѝ послужат за да го трасираме патот кон иднината. Не е можно да ги копираме или повторуваме нештата, времињата и условите бидејќи тие се менуваат, но можеме да извлечеме значајна поука“, вели Вера Бунтеска,Потпретседател на Главниот одбор на Сојузот на борците на Македонија, потенцирајќи дека „Денеска во Македонија правата на жените се ограничуваат, се уназадуваат, се ускратуваат, дури мешајќи се во нивниот приватен живот, што доволно зборува за нивото на демократија во нашето општество“.
Од Сојузот на борци од НОАБМ се децидни дека борбата за правата на жената и нејзината рамноправност мора да продолжи и денеска кога таа повторно се соочува со голем број предизвици кои произлегуваат од погрешните сфаќања за нејзиното место во семејството, заедницата и општеството во целина. Тие сваќања и стереотипи создаваат лоши состојби, па оттаму жената се почесто е жртва на семејно, економско, психолошко, политичко и други форми на насилство против што сите ние треба енергично да се бориме. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

