Македонија
Одбраната на Талески обвинува дека против него се води политичка хајка
Случајот „Транспортер“, што го отвори јавото обвинителство, против градоначалникот на Битола, Владимир Талески, е политички реваншизам со кој градоначалникот треба да се тргне од функцијата, рече адвокатот на Талески, Никола Додовски.
Во Апелациониот суд, во понеделник, се одржа јавна седница, на која се расправаше за жалбата што ја поднесе одбраната, за куќниот притвор на Талески.Во своето образложение, адвокатот Додовски побара да биде укинато решението, односно да биде укинат притворот и упати забелешка до Специјалното јавно обвинителство, бидејќи не им ги дало доказите, ниту на одбраната, ниту на судијата на претходна постапка. Тој до судот приложи написи од новинарите за тоа дека по распитот на Талески, СЈО доставило шест кутии со докази до судот.„Нема еднаквост меѓу одбраната и обвинителството, докази треба да бидат дадени на увид, но доказите не се доставени“’, рече Додовски.Според него, обвинителството не го почитувало правото на одбрана како и презумпцијата на невиност, водело јавна хајка против градоначалникот и на прес-конференциите искажувал осудителна пресуда за осомничените.Обвинителот од СЈО, Трајче Пеливанов, рече дека ниту одбраната, ниту судијата за време на распитот на Талески не ги побарале на увид доказите и тие ги доставиле по распитот, бидејќи така побарал судијата на претходна постапка.Тој рече дека ќе им бидат доставени доказите по распитот на осомничениот во фаза на постапката кога се бара тоа. Ова го негираше Додовски и рече дека доказите ги побарале на 9 јуни, но наместо доказите на 12 јуни добиле покана за одлучување за притвор.„Апсолутно објективно и професионално е постапувањето на СЈО и без оглед на функцијата што ја врши осомничениот нема ниту посебен, ниту привилегиран пристап кон него“, рече Пеливанов.Тој упати забелешки до Талески затоа што го напуштил судот уште пред судијката да донесе одлука за барање за притвор. На тоа реагираше Додовски и рече дека ниту Законот за кривична постапка, ниту судот ги обврзува осомничените да ја чекаат одлуката на судот. Талески веќе една седмица се наоѓа во куќен притвор, за овој случај кој се однесува на незаконското организирање на превоз на учениците во Битола.Јавната расправа во Апелацискиот суд заврши, се очекува следните денови судот да донесе одлука дали ќе биде укинат притворот на Талески./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

