Македонија
Одбраната на Заев: Судењето ќе почне кога власта ќе престане да ја опструира Јанева

Лидерот на СДСМ и четвртообвинет во случајот „Пуч“, Зоран Заев, по четврти пат не се појави на судењето, па судијката го презакажа судскиот процес за на 13-ти идниот месец.
Судијката Љубинка Башевска констатираше дека и покрај тоа што од страна на судот е испратена уредна покана, нема докази дали обвинетиот ја примил.Адвокатот на Заев, Филип Медарски рече дека не знае дали Заев ја примил поканата но знаел за рочиштето. „Спречен е да дојде бидејќи има состанок со Меѓународниот инвестициски фонд за развој“ рече Медарски и достави доказ до судот за средбата. Одбраната на Заев вели дека судењето ќе почне тогаш „кога власта ќе престане да ја опструира работата на специјалната јавна обвинителка“, Катица Јанева. „Сé зависи од власта, ако продолжат да го опструираат специјалниот обвинител не ќе може да го комплетира тимот, предметот сé уште не му е предаден на специјалниот обвинител“ изјави неговиот адвокат, Ангеле Илиевски, и вели дека на судењето нема овластен тужител, според новиот Закон за специјално обвинителство. Во предметот „Пуч“ обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња и двајца вработени во општина Струмица, а се товарат за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.Овој предмет се очекува да биде во рацете на Јанева, бидејќи е поврзан со политичката криза и прислушуваните материјали./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)