Македонија
Одложен распитот на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“
Се одложи распитот на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“ по барање на одбраната за да го заврши увидот во предметот и доказите, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.
Следниот распит е закажан за во понеделник, на 23 мај 2016 година. „Во однос на случајот во јавноста познат како „ТНТ“, денеска во просториите на Основен суд Скопје 1 – Скопје по барање на одбраната се одложи предвидениот распит на четворица осомничени за кои Обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) предложи определување мерки за обезбедување нивно присуство“, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.Одбраната од судијата на претходна постапка побара дополнително време за да го заврши увидот во предметот и доказите со што следниот распит е закажан за 23 мај 2016 година. Според Специјалното јавно обвинителство во случајот „ТНТ“, нарачатели на рушењето на станбено-деловниот објект „Космос“ на Фијат Цаноски се поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.Мотивот за уривањето на објектот бил „одмазднички“, односно причина било тоа што Цаноски, лидер на ПЕИ, ја напуштил владината коалиција и преминал во коалиција со опозициската СДСМ.Првоосомничена во овој случај е градежниот инспектор на Општина Гази Баба која почнала постапка за уривање. Направила мерење на височина на објектот, кое покажало дека градбата била повисока за 1,43 метри, но без да биде направен заштитен тротоар на градбата. Во случајот осомничени се и тројцата членови на Комисијата за спроведување на јавни набавки, а Специјалното јавно обвинителство предложи мерки за обезбедување до Кривичниот суд за сите осомничени./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

