Македонија
Одржана Првата меѓународна научна конференција на Факултетот за применети науки на ДУТ
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, присуствуваше на Првата меѓународна научна конференција на Факултетот за применети науки која се одржаво петок на Државниот Универзитет во Тетово.
Во оваа прилика, Адеми истакна дека го радува фактот дека студентите ќе имаат можност да ги слушнат најновите достигнувања во сферата на архитектурата, градежништвото и мехатрониката и тоа од најголемите имиња од овие области.
„Ова конференција е една од многуте кои се организираат на Државниот универзитет во Тетово и на сите Универзитети во нашата држава. Тоа само докажува дека имаме врвни професори и студенти кои постојано го надградуваат своето знаење. Всушност организирањето на меѓународни научни конференции на кои учествуваат истакнати претставници од некои од најреномираните универзитети во светот покажува дека воопшто не заостануваме во научните достигнувања на развиените земји. Напротив докажавме и постојано докажуваме и покажуваме дека нашите научници, се на врвот на пирамидата на светската научна мисла и дека нивните идеи, истражувања, достигнувања се движечка сила во развојот на сите светски економии“, рече Адеми.
Адеми истакна дека Министерството за образование и наука ги поддржува ваквите научни конференции, бидејќи заклучоците кои произлегуваат од нив имаат влијание врз економскиот, културниот, социјалниот развој на државата. Додаде и дека дел од буџетот на самото министерство е наменет за науката, за подобрување на условите за работа на научниците преку опремување на лаборатории, доделување на финансиска поддршка на научно истражувачкиот и наставниот кадар од високообразовните институции во Македонија. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

