Македонија
Одржана завршна конференција за проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација“
Завршната конференција по повод затворањето на проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација“, се одржа во четврток во Скопје.
На конференцијата обраќање имаа министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и амбасадорот на Обединетото Кралство, Чарлс Гарет.
Ивановски се осврна на започнатите реформи во македонската администрација, во рамките на кои се воведоа меѓународни методи за унапредување работата на одделенијата за човечки ресурси во администрацијата на Република Македонија, за унапредување на процесот за е–учење, како и квалитетот на работата и управувањето во администрацијата преку CAF програмата.
„Програмите кои во изминатиот период ги имплементиравме со поддршка на Британската Амбасада, преку експертска и техничка помош придонесоа за професионален развој на вработените и унапредување на нивните компетенции, со цел обезбедување ефективен сервис за граѓаните, преку обуки, менторство, дебати и работилници, прирачници и сл.“, рече министерот Ивановски.
Како една од последните активности реализирани во рамките на оваа програма е и јавната кампања за подигнување на свеста и значењето од воведувањето на компетенциите во работењето на администрацијата, која беше промовирана денес.
Британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, истакна дека реформите во администрацијата се клучното прашање на патот кон евроинтеграцијата на земјата, за што Британија даде широка поддршка во реализацијата на проектните активности. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

