Контакт

Македонија

Опасни сведочења на Богоески за власта, им порача дека ќе завршат во жолто комбе

Објавено пред

Поранешниот разузнавач и првиот главен човек на тајните служби на самостојна Македонија, Слободан Богоески по десет години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и по две години поминати во затвор ги „отвори картите“ и во интервју за емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, на поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков  им порача дека ќе завршат во жолтото комбе што го споменуваат.

dobivaj vesti na viber

Богоески се сомнева дека ќе се докаже евентуалниот криминал на власта, но вели дека нивниот живот ќе заврши во комбе од затвор во суд, од суд во затвор.„Имаат направено многу кривични дела и мислам дека тоа жолтото комбе што го споменуваат ќе им биде нивната судбина“, рече Богоески.Владеењето на власта Богоески го нарече патологија, а Груевски и Мијалков глумеле важни личности кои се шетале со огромно обезбедување околу себе. „Секој втор човек ќе ги плукне, но нема да ги отепа“, вели Богоески кој вели дека тие се исплашени од себеси и од злоделата што ги направиле и затоа мислат дека се загрозени.Историскиот закономерности во ВМРО, според Богоески, покажуваат дека сите оние кои се замислиле дека се водачи на крајот им пресудило самото ВМРО, со камата, и предвидува дека истото ќе и се случи на оваа власт. „Прво ВМРО ќе им пресуди, а потоа народот. За нив е најсреќна варијанта да им пресуди народот на избори“, рече Богоески.Името на Слободан Богоески власта го поврзуваше со сообраќајната несреќа во којашто загина вујкото на Груевски, односно таткото на Сашо Мијалков, Јордан Мијалков, односно дека тој го смислил сценариото Мијалков да биде ликвидиран.„Ние не само што не сме го осмислиле, не сме го извршиле. Тоа им е јасно и на нив и на сите. Станува збор за сообраќајка на којашто се правени увиди, реконструкциии со учество на наши македонски и српски екипи. Нив исто така им е јасно дека станува збор за несреќа“, вели Богоески.Нивните ментори, според она што го кажа Богоески смислиле приказна делка Јордан Мијалков бил голем вмровец и дека службата го убила оти бил голем вмровец и Македонец.„Тоа е апсолутна невистина, доколку било така, тие се 11-та година на власт, сите докази им се во раце. Тие можат да ги обелоденат, можат да водат било каква постапка, но пропагандно за да ги излажат членовите на ВМРО-ДПМНЕ дека тие биле вмровци постојано ја повторуваат таа теза“, вели Богоески.„Досега не сум го коментирал тоа бидејќи тој е починат, тој не само што немаше допирна врска со ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ, туку  тој е еден од оние заради кој многумина се судени за национализам и за вмровски активности во Македонија.Мијалков се фати сам во сопствената замкаЗа таткото на Мијалков, Боегоески вели дека не знае како би постапувал тој доколку имал голема моќ каква што има неговиот син денес. Во времето кога бил министер за внатрешни работи по осамостојувањето на Македонија, немал никакви овластувања, освен да потпишува решенија.Но, за работењето на Сашо Мијаков, Богоески не штедеше зборови. Ја потврди информацијата дека бил притворен за трговија со дрога, давал наредби за прислушување од кафана и дека одлепил од реланоста. „Нормално беше со неговиот криминален бекграунд како и секој аматер кој влегол во тие професионални води, особено Мијалков, без никаква контрола се очекуваше дека ќе одлепи од реалноста и иронијата да биде најголема, тоа што го работел, сега е клучниот доказ за неговите криминалии. Прислушувањето односно контролата самиот го наложил и организирал во едни епски размери незабележани во Европа по втората светска војна. Сега се фати самиот во сопствената замка. Тоа што го наредил е клучниот доказ за криминалите во фамилијата“, изјави Богоески.Аферата за прислушување со којашто беше обелоденето дека се прислушувале 20.000 тефонски броеви според Богоески, е бројка којашто не ја „достигнале“ ниту ОЗНА, ниту УДБА, ниту СДБ од 1945 година во цела Југославија. Богоески: Груевски е во зародишот на криминалот за продажбата на „Телеком“Според кажувањата на Богоески, ментор на Никола Груевски е првиот премиер на самостојна Македонија, Никола Кљусев, а главниот поддржувач на Груевски за да стане прв човек во ВМРО-ДПМНЕ бил грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас. Потписник на договорот за продажба на ОКТА, како што тврди Богоески, бил Кондоминас кој заработил милиони евра од криминалот од оваа зделка, а за возврат го предложил Груевски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.Тврдењата на Богоески се дел од обвинението што Американската комисија за хартии од вредност пред окружниот суд во Њујорк го покрена  против поранешните директори на „Маѓар Телеком“ за поткуп на македонски политичари. И за овој случај Богоески го обвинува Груевски и вели дека токму тој е во зародишот на криминалот, дека е клучниот актер во пазарењето со Кондоминас.Според него, парите биле обезбедувани од народот бидејќи „Телеком“ имало најголема тарифа од целиот систем на „Дојче телеком“ и нашиот „Телеком“ имал најпрофитан со монополска позиција.Ме елиминираа како опасност за нивните криминалиБогоески беше осуден на затворска казна за  малверзации со градежното земјиште кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“.Тој заедно со двајца адвокати од Скопје, двајца управители на фирми и еден Словенец беа обвинети за перење на повеќе од милион евра, словенечки пари кои биле земени наводно за да се раскине договорот со кипарска фирма која го купила земјиштето во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Договорот бил веќе раскинат, а на земјиштето Словенците биле заинтересирани да го изградат комплексот „Меркатор”.По издржувањето на затврската казна Богоески вели дека го елиминирале како опасност за нивните криминали.„Никогаш не сум влегол во такви комбинаторки па некој да ме смести. Во конкретниот случај за тоа за што тие поведоа постапка потив мене, се работи за најбрутално кршење на уставот и законите од стана на Груевски и Мијалков кои по налог, бидејќи кај нас не постои на обвинителство и судство, поведоа за нешто што не може да биде претставено ни како прекршок. Се работи за облигационо-правни дела, склучени меѓу физички и правни лица, едно е со владата односно министерството во кое ниту е повреден јавниот интерес, тоа го констатираат тие самите, ниту некој е оштетен ниту некој пријавува или предјавува било што. Наеднаш за да ме елиминираат мене како опасност за нивните криминали одлучиле да ме тргнат како некоја опасност, вели Богоески. Овој случај за него е монтиран, а кривични дела извршиле Груевски, Мијалков, но и обвинителите Марко Зврлевски и Јово Вангеловски. ВМРО-ДПМНЕ ќе го тужи БогоескиПо обвинувањата во интервјуто од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение во кое најавија тужба против Богоески. „Лицето Слободан Богоески, осуден за криминал за кој има одлежано казна затвор, синоќа ја искористи Телевизија Телма и времето кое му беше дадено во емисија Топ Тема за да изнесе, лаги и клевети во обид да го наруши угледот на ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата.    За сите невистини кои ги изнесе осуденото лице за криминал Слободан Богоески, ќе добие тужби за клевета пред надлежниот суд.За ВМРО-ДПМНЕ гостувањето на Слободан Богоески претставува уште еден очајнички обид на аболицираниот криминалец Зоран Заев, да користи лица кои биле осудени за криминал и лежеле казна затвор за да му ја вршат валканата работа, надевајќи се дека со лаги и клевети ќе успее да го изманипулира народот, наметнувајќи му мислење дека сите политичари се исти“, се вели во реакцијата./крај/ффс

Македонија

„Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во судир со законот, кој и колку профитирал од бизнисот со канабис“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис. СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план за како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола.

Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, Струмичкиот регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.

Доказ за тоа дека се било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во време на СДС каде постои неусогласеност, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите.

Производството на канабис кој не ги исполнува ГМП нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет.

Токму поради сето ова се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар.

Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот?

Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел.

Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант, ниту еден нелегален процес, не смее да остане без казна“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;

· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;

· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода денеска дел од Бутел

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет2 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа3 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа3 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион3 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет3 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија13 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија18 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија19 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија20 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ22 часа

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија23 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија1 ден

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија1 ден

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија1 ден

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа1 ден

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет1 ден

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет1 ден

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет1 ден

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...