Контакт

Општество

Домот за деца без родители „11Октомври“ од Скопје доби донација од лаптопови

Објавено пред

 

Домот за деца без родители „11Октомври„ од Скопје вчера на 29 март добија донација од неколку лаптопови.  Директорот на ИТД Дистрибуција (донатор),  Ајри Шеј изјави дека на Домот уште му се доделени, одредени финансиски средства со кои ќе се бојадиса централната просторија за дружење на децата, каде што тие го поминуваат поголемиот дел од денот.

 

„Со оваа донација, како што рече во средата генералниот директор, се обидуваме на дечињата во Домот да им ја приближиме ИТ технологијата. Тие треба да се запознаат со неа подобро, да ја засакаат и можеби во иднина токму во оваа област да се одлучат да градат својата кариера. Лаптоповите без сомневање ќе им помогнат и во совладувањето на секојдневните домашни задачи, кои ги добиваат на училиште„.

 

Донаторот заедно со дечињата за прв пат ги вклучија во употреба.“Неописливо е чувството на среќа и исполнетост која ја чувствувам во моментов гледајќи ја возбудата и среќата во очите на овие дечиња. Навистина е убаво чувството да се подарува, а посебно на деца. Сите знаеме дека ИТ опремата во денешно време е неопходна и искрено се надевам дека со неа ќе го подобриме и разубавиме секојдневието на овие прекрасни дечиња” додаде Шеј.

Во знак на благодарност директорката на домот, воспитачките и дечињата подготвија  забавна програма./крај /мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Над 79.000 деца не посетуваат градинка, се предлагаат ваучери за приватни установи

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски, претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, ги изнесоа...

Култура15 минути

Бурхан Шабан во Скопје – концерт на еден од најзначајните интерпретатори на духовна музика на Балканот

Македонската публика ќе има можност да присуствува на концерт на Бурхан Шабан, истакнат уметник, хафиз и еден од најпрепознатливите изведувачи...

Култура21 минута

Премиера на новата претстава „Интервју“ на сцената на Турски театар

На 19 јуни (петок), со почеток во 20:00 часот, на сцената на Турски театар ќе се одржи премиерата на претставата...

Забава41 минута

(Видео) Изнајмија куќа на плажа, ангажираа хрватска ѕвезда: Се појави снимка од прославата, Ноле и Јелена танцуваат како никогаш досега

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа колку е внимателен како сопруг, организирајќи ѝ на својата поубава половина, Јелена Ѓоковиќ,...

Македонија53 минути

Директорот на БЈБ Јанев: Македонската и италијанската полиција ги продлабочуваат партнерството и заедничката борба против современите безбедносни закани

Со поддршка на проектот EU4FAST-WB, координиран од програмската канцеларија EMEA за Европа, Блискиот Исток и Африка при Централната дирекција за...

Македонија1 час

„На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работноспособни“, порача Мемов

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на Тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од...

Забава1 час

(Фото/Видео) Таа секогаш има причина да се соблече: Божицата на провокацијата ги откри и градите и задникот

Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави во кои позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Не...

Црна хроника1 час

11 лица се уапсени во Скопје, Тетово, Кичево и Струга: кај нив била пронајдена дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 11 лица кај кои била...

Hitech1 час

Лесно, брзо и прецизно: Genesis Zircon 880 PRO за гејмерите што сакаат контрола

Во гејминг светот понекогаш разликата меѓу победата и поразот е во само едно движење. Брзата реакција, стабилната конекција, прецизното следење...