Општество
Одбележани 145 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев
Во саботата пред гробот на револуционерот Гоце Делчев цвеќиња и венци положија: делегација од Владата на Република Македонија; делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија; делегација од Собранието на Република Македонија; делегација од АРМ; делегации на политички партии; здруженија и граѓани почитувачи на неговата борба за слобода и на неговото дело.
Градоначалникот Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, по повод 145 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев, положија цвеќиња на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“.
Во црквата „Свети Спас“ беше одржана Панихида на Македонската православна црква по повод раѓањето на македонскиот национален херој и великан, а настапи и мешаниот градски хор „Вардар“ под диригенската палка на м-р Јасмина Ѓорѓеска.
Еден час подоцна, Делегација од Советот на Град Скопје положија цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
