Контакт

Општество

Студентската организација БЕСТ најавува 13-ти Саем за вработување и кариера

Објавено пред

 

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – го    најавува тринаесеттиот по ред Саем за вработување и кариера – Job Fair 2017, кој ќе се одвива во периодот 3-ти до 12-ти април годинава. Официјалното отворање ќе се оддржи во амфитеатарот на Технолошко-металуршки факултет, а останатите денови од саемот кои ќе се одвиваат на кампусот на техничките факултети во периодот од 3-ти до 7-ми април и на АФ/ГФ во периодот 10-ти до 11-ти април.

 

Job Fair е најголемиот и најсериозниот настан кој БЕСТ Скопје го организира, а воедно е и местото каде студентите можат да се информираат за сѐ она кое го нудат компаниите учеснички, како и за потенцијално идно работно место или пракса. Компаниите, пак, ќе имаат можност да стапат во контакт со нивните потенцијални вработени. Целта е да се доближат амбициите на студентите поблиску до компаниите, и да се биде дел од нивниот чекор поблиску до кариерата. Минатата година Job Fair се покажа како најуспешен досега, со вкупно 36 присутни компании, додаваат од БЕСТ.

 

„Овој саем е одлична можност за студентите да добијат пракса или работа во некоја од најдобрите компании во земјата. Она што е потребно е да го остават своето CV na  www.jobfair.org.mk и со тоа нивните биографии стануваат дел од датабазата до која имаат пристап сите компании – учеснички од Република Македонија и надвор од неа, во текот на целата година“, додаваат од организацијата.

 

Компаниите на овој саем ќе имаат можност да држат бесплатни предавања, soft skills тренинзи, презентации, натпревари на кои ќе можат да учествуваат студентите таргетирани токму од нив./крај/фм/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

(Фото) Ѓорѓиевски: БРТ проектот влегува во фаза на реализација

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека се направени финалните координации со претставници на Европската банка за обнова и развој...

Европа29 минути

ЕУ ги менува правилата за патниците во авионскиот сообраќај

По 13 години преговори, Европската унија постигна договор за промена на правилата со кои се регулираат правата на патниците во...

Македонија34 минути

(Фото) Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по...

Црна хроника54 минути

МВР: Лишени од слобода 15 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи поради „безобѕирно управување...

Македонија2 часа

(Видео) Штерјова: Во Чаир законите не важат, со амин на ВМРО, ВЛЕН без Бадентер менува имиња на улици

Советничката од редовите на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, денеска ја обвини владејачката коалиција дека во Општина...

Свет2 часа

(Видео) Кина евакуираше над 600.000 луѓе поради тајфунот Бави

Кина евакуираше повеќе од 600.000 луѓе пред налетот на тајфунот Бави, кој во саботата се приближи кон источниот дел на...

Македонија2 часа

Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

Многу капитални проекти во Охрид – објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски повикува на договор за Изборниот законик, Филипче: Нема да дозволиме „изборен грабеж“

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и денеска излегоа со спротивставени ставови околу измените на Изборниот законик,...

Наука3 часа

Научниците открија нов вид диносаурус во Тајланд: имaл врат долг 20 метри и живеел пред 150 милиони години

Палеонтолози од Тајланд тврдат дека откриле нов вид диносаурус по анализата на фосили пронајдени во провинцијата Каласин, во североисточниот дел...