Македонија
(Видео) Груевски: Ќе ме осомничат дека сум станал од ручек и со тоа сум го оштетил буџетот

Експремиерот Никола Груевски по денешното рочиште за случајот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство се пошегува со новинарите и рече дека го предвидел пресот на Катица Јанева. „Не сум изненаден. По моите реакции во средата, не знаев дали за 3, за 7 или за 10 дена ќе дојде ова што дојде и еве го дојде за 7, ако можам добро да пресметам, така што ништо не ме изненади“, рече Груевски. „Не знам дали следната истрага ќе биде отворена за тоа дека некаде сум ручал и среде ручек сум морал некаде да заминам, па сум го оштетил буџетот што сме го платиле целото јадење, а јас сум станал“, се пошегува Груевски.
Тој рече дека за спроведувањето на пописот имало комисија што ја спроведувала целата постапка одговорно и професионално. Тој рече дека бил загрижен, а одлуките ги носеле органите. Ова е обид на СЈО да го дефокусира вниманието на јавноста од она што се случува во земјата. „Не може СЈО да отвори толку истраги колку што Заев може да направи глупости“, изјави Груевски. За случајот „Актор“ рече дека истрагата е апсурдна. Како што посочи, за изборот имало комисија и 7 набљудувачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.