Општество
Жбогар: Добро функционирачка јавна администрација е предуслов за транспарентно и ефективно владеење
Граѓанската алијанса за транспарентност спроведе истражување поддржано од Европската унија, ФООМ, и Евротинк Центар за европски стратегии за знаење и учество на граѓанските организации во процесот на реформи на јавната администрација (РЈА), пренесува А1он.
Клучните наоди од истражувањето се дека граѓанските организации главно се вклучени на ад-хок проекти или активности во реформите за јавната администрација.
Скоро 50 проценти, односно 47 отсто од граѓанските организации не се информирани за постоењето на стратегија за РЈА, додека пак 67 отсто не се информирани дека е започнат процесот на креирање нова стратегија за РЈА.
Само пет отсто од граѓанските организации биле вклучени во процесот на креирање стратегии за реформи во јавната администрација. Мнозинството на граѓански организации немаат големо знаење за РЈА, односно само 14,5 отсто од организациите се добро запознаени.
Зајакнато граѓанско општество во својот диверзитет е клучна и интегрална компонента на секое демократско општество и е самото по себе многу важно. Граѓанското општество носи плурализам, еднаков развој и инклузивен растеж, рече амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар.
„Граѓанските организации имаат капацитет да ги бранат и да повикуваат на малцинствата на социјалните групи кои се ранливи, исто така можат да потикнат и развој на општеството. Добро функционирачка јавна администрација е предуслов за транспарентно и ефективно владеење. Улогата на невладиниот сектор е клучна, вели Жбогар.
Извршната директорка на ФООМ, Фани Каранфилова- Пановска изјави дека граѓанското општество во Македонија е во еден од најтешките моменти од неговото функционирање со високи ризици за негово опстојување поради невидениот притисок од страна на државните институции.
„Преку овој значаен проект ФООМ ја поддржува соработката на граѓанските организации со јавната администрација во интерес на зголемена транспарентност. ФООМ ја поддржува реформата во јавната администрација уште од времето кога тоа беше пионирски чекор со дирекна помош на властите во тоа време да се подготви законот за државни службеници и агенцијата за државни службеници“, вели Каранфилова- Пановска.
Се надевам дека ова ќе биде почеток на една нова етапа од нашата работа, а не нови закани и предизвици кои што ќе ги направат овие слики да бидат редовна практика и начин на функционирање на синергијата помеѓу овие фактори, рече Бојан Маричиќ, извршен директор на „Евротинк – Центар за европски стратегии“
Две работи се клучни за успешни реформи во јавната администрација. Едната е постоење на силна политичка волја кај владата која што во моментот ги спроведува реформите, а второто е доволно притисок и поддршка од јавноста и граѓанското општество да се опстои на вистинска реформа која ќе ја донесе јавната администрација во мерка и по мерка на сите граѓани, изјави Маричиќ./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

