Општество
Претседателот Иванов по повод Свети Трифун на закројување на винова лоза во Демир Капија
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во вторникот јапосети Демир Капија, каде што, по повод одбележувањето на православниот празник Свети Трифун, присуствуваше на традиционалната прослава и симболичното закројување на винова лоза.
Обраќајќи се пред присутните и честитајќи го верскиот празник Свети Трифун, претседателот Иванов на лозарите и винарите им посака бериќетна година.
„Во духот на нашата традиција, Свети Трифун е денот кога лозарите ги закројуваат лозјата и посакуваат годината да биде родна и благородна, а целиот труд и целата мака да бидат наградени наесен, кога ќе се собере грозјето. Затоа, на сите лозари им посакувам голем берикет, а на винарите квалитет. Посакувам нашето грозје и нашето вино да биде што поприсутно, како на домашните, така и на странските трпези. Посакувам многу повеќе туристи да доаѓаат и да ги посетуваат нашите винарии, а винскиот туризам да се развива во Македонија“, рече претседателот Иванов.
Градоначалникот на општина Демир Капија, Трајче Димитриев, рече дека интересот за манифестацијата со којашто се одбележува празникот Свети Трифун континуирано расте.
„Демир Капија е мало, но убаво место кое од сите страни е заобиколено со прекрасна природа која што претставува вистинска атракција, како за домашните така и за странските туристи. Во последниве години бројот на туристи и посетители на нашиот град е евидентно зголемен. Во таа насока општина Демир Капија неуморно и континуирано работи на проекти за подобрување на инфраструктурата на градот, и проекти коишто ќе придонесат за локалниот и економскиот развој на нашата општина. Реализацијата на вакви големи проекти не би била возможна без поддршка од нашите донатори, меѓу кои особено е значајна поддршката којашто ја добиваме од Владата на Република Македонија и од Европските фондови“, рече градоначалникот Димитриев.
Пред присутните на прославата по повод празникот Свети Трифун се обрати и евроамбасадорот Самуел Жбогар.
„Градоначалникот спомена за неколку проекти што ги правиме заедно, Европската унија и општината. Само што ја посетив делницата од автопатот што ќе биде отворена оваа година. Исто така работиме на реконструкција на општинската зграда. Значи, има многу проекти на кои работиме заедно. Многу ја цениме соработката со општината, и со нетрпение ја очекуваме реализацијата на сите идни заеднички проекти. ЕУ е тука за вас“, рече амбасадорот Жбогар.
На прославата во Демир Капија присуствуваше и амбасадорката на Кина во Македонија, Јин Ликсијан./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

