Контакт

Општество

Телеком билинг платформи – Сеавус талент програма

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Како дел од Сеавус Талент програмите, шеста година по ред, Сеавус организира обука од областа на Телекомуникациските технологии. Обуката е наменета за дипломирани студенти или студенти запишани во последната година од своите студии за информатички и компјутерски науки, како и за сите оние кои имаат технички познавања од оваа индустрија и сакаат да се дообучат.

 

Секоја година на обуката се пријавуваат повеќе од 100 кандидати, од кои најмалку 20 ја добиваат можноста за едукација. Од нив пак, најдобрите, или според досегашното искуство, најмалку 10 кандидати добиваат можност да се вработат во Сеавус.

 

Интересот за Сеавус талент програмата е голем бидејќи станува збор за обука која нуди можност за стекнување на ретка стручност за една од водечките платформи за наплата. Всушност, Сеавус е единствената компанија на Балканот која едуцира и вработува вакви кадри. Уште повеќе, вработените ќе имаат можност да работат за некоиод најдобрите телеком оператори во Европа, и секако, ќе имаат можност за чести патувања.

 

Обуката за една од водечките платформи за наплата ќе се состои од интерактивни предавања и практични вежби одржани од Seavus експерти со повеќегодишно искуство стекнато на проекти за реномирани компании. Со почеток во април, во времетраење од еден месец, сите учесници во обуката ќе имаат можност да се стекнат со техничко познавање за употреба, конфигурација и развојна нови функционалности и тестирање на платформата за наплата.

 

Најуспешните учесници ќе добијат можност да станат дел одТелеком тимот во Сеавус и шанса да ја градат својата карира во најголемата ИТ компанија во земјава.

 

Повеќеинформациизаобукатапрочитајте тука: http://career.seavus.com/career-opportunities/choose-your-path/entry/talent-program/telecom-billing-platform-talent-program/

 

Сите заинтересирани можат да аплицираат на career.seavus.com, најдоцна до 10 март 2017./крај/мф/бс

 

Македонија

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан

Објавено пред

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.

dobivaj vesti na viber

Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.

Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.

Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.

Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.

Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.

Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.

Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.

Постот завршува со Бајрам.

Прикажи повеќе...

Македонија

Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство

Објавено пред

Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.

dobivaj vesti na viber

При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.

„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови

Објавено пред

Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.

dobivaj vesti na viber

Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.

Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.

-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.

Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Вонредна состојба во регион во Русија, поради несреќа во рудник затрупани 13 лица

Во Амурската област, на рускиот далечен исток, воведена е вонредна состојба поради инцидентот во рудникот за злато „Пионир“, во областа...

Свет17 минути

Силен земјотрес го погоди Пакистан

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти германскиот истражувачки центар за...

Свет18 минути

Дваесет загинати во израелски воздушни напади

Дваесет Палестинци се убиени рано утринава во израелските воздушни напади врз Рафах, како и врз централниот дел на Појасот Газа,...

Македонија12 часа

Јакимовски за ставањето на црната листа: Ниту Американци, ниту свети Американци нема да ни кажат кој ќе ни ја води Македонија

Градоначалникот и кандидат за претседател на Македонија, Стевчо Јакимовски на вонредна прес конференција изјави дека е изненаден од одлуката на...

Македонија16 часа

На црната листа на САД, Стевчо Јакимовски и Катица Јанева

Американскиот Стејт Департмент објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот...

Македонија21 час

ДУИ предупредува: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај

„Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за...

Топ21 час

Марихуана, повеќе видови таблети и мобилен телефон пронајдени при претрес во затворот во Битола

Вчера вечер, во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес...

Македонија21 час

Запленети 22 автомобила при заедничка акција на Царината и МВР

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа и Министерството за внатрешни работи запленети се...

Македонија22 часа

Поштари нема, ама затоа за секој работник има по еден шеф – вработените во „Македонска пошта“ на протест повикаа на реорганизација

Вработените во Македонска пошта денес излегоа на протест од каде што повикаа на целосна реорганизација и систематизација на друштвото кое...

Македонија23 часа

Децата што ги имаат примено трите дози дитепер од денес може да одат во градинка

Децата кои имаат примени три дози вакцина дитепер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со...

Македонија23 часа

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на гласачите во дијаспората

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората. ДИК апелира до...

Свет24 часа

Бајден: Има двајца кандидати за претседател, но едниот е премногу стар и ментално неспособен

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека само еден од двајцата кандидати за претседател на САД на овогодинешните избори е...

Македонија24 часа

„АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има, идната влада треба...

Македонија24 часа

„Непотизмот во Охрид поврзан со Пецаков е потврда дека нема промена во ДПМНЕ“, вели СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, близок соработник на Христијан Мицкоски имаат испреплетена шема на роднини, пријатели и...

Европа1 ден

Путин: Целиот свет се смее на она што се случува во Америка, тоа е катастрофа

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата „изборна победа“ покажува дека Москва е во право што му се спротивстави на...

Европа1 ден

Русија: Американската тајна служба дозволила да биде блокиран влезот во руската амбасада

Амбасадата на Русија во Соединетите Американски Држави денеска ќе испрати дипломатска нота до Вашингтон во која ќе го искаже својот...

Свет1 ден

„Никој во историјата не успеал да ја потисне нашата волја и да не исплаши“ – Путин го одржа првиот говор по изборната победа

„Русија мора да биде уште посилна, поцврста и поефикасна“, порача претседателот Владимир Путин од неговиот изборен штаб во Москва, по...

Македонија2 дена

Вработените во Пошта утре ќе протестираат

Вработените во Пошта утре ќе протестираат од 8 до 10 часот. Ќе бараат исплата на платата за минатиот месец и...

Регион2 дена

Вучиќ: Цел свет скока да ја брани Украина, а кога ќе ѝ украдат дел на Србија – тогаш ништо

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, присуствува на комеморативната академија по повод одбележувањето на Денот на сеќавањето на 17 март...

Свет2 дена

(Видео) Паника во Источна Европа: дрон разнесе воен хеликоптер

Беспилотно летало камиказа разнесе воен хеликоптер во Придњестровје. Локалните медиуми јавуваат дека во нападот нема жртви и дека истрагата е...