Македонија
Тито Петковски по четврти пат избран за лидер на НСДП

Тито Петковски и натаму останува на чело на НСДП. Над 400 од приближно 460 присутни делегати го поддржале неговиот реизбор на четвртиот партиски конгрес во Скопје. Според првичните иинформации, против изборот на Петковски, гласале 10-ина делегати, а имало и неважечки ливчиња. Тој е лидер на партијата 13 години. Делегатите избрале централен и надзорен одбор.
Централниот одбор на НСДП го утврди Петковски како единствен кандидат за претседател. На денешниот конгрес не поминал предлогот за уште еден кандидат кој самиот се номинирал.
Петковски ја формираше НСДП пред парламентарните избори во 2006 година, кога излезе од СДСМ. Во денешниот говор пред делегатите посочи дека поради коалицијата на НСДП со ВМРО-ДПМНЕ ѝ бил нарушен угледот и довербата во партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.