Општество
Светски ден на планетата Зeмја
И оваа година, традиционално, невладините организации Уметност на живеење, СУНА и Арт Лајф, во соработка со Зоолошката градина од Скопје, на 22-ти април (недела), ќе организираат хепенинг за одбележување на денот на планетата Зeмја.
Со тоа ќе и Македонија се вклучува во глобалното одбележување, кога повеќе од милијарда луѓе низ целиот свет ќе се здружат за подигнување на гласот за заштита на планетата Земја.
Настанот ќе се случува во Зоолошката градина во Скопје, со почеток во 12 часот. Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Зeмја, заштита на животната средина и почиста околина.
Настанот ќе изобилува со богати содржини кои најмногу ќе бидат наменети за деца и младинци. На настанот ќе се обратат стручни лица од Министерство за екологија и животна средина, професори од основни училишта, а ќе се зборува на еко тема „Чување и заштита на животната средина“.
За добра забава ќе се погрижат: кловнот Лили и прекрасната принцеза. Децата ќе имаат можност и креативно да ги иразат своите размислувања и чувства, да цртаат на оваа тема во ликовното катче и да се забавуваат. Секако со волонтерите од Зоолошката градина ќе се прошетаат низ ЗОО и ќе можат да научат многу нови работи за животните како дел од природата и планетата Земја.
Загадувањето во светот зазема се поголем замав. Сведоци сме на низа природни катастрофи кои се случуваат и тоа: глобално затоплување, зголемување на обемот на озонската дупка, промена на климата и уште многу други пореметувања кои се јавуваат како резултат на се поголемото загадување на воздухот и животната средина. Како резултат на ова, пак, сé повеќе се зголемува бројот на заболени лица од најразлични болести, изумирање на одредени видови растенија и животни. Најголем и единствен виновник за ваква еколошка катастрофа која и’ се случува на планетата Земја е човекот. Оттаму, можеме и мора да се делува на будење на свеста кај луѓето за заштита на животната средина и намалување на загадувањето на воздухот./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

