Општество
Проект на 'Пивара Скопје' за едукација за здрави и безбедни денови на основците
Околу 650 ученици од основните училишта на територијата на општина Аеродром се стекнаа со основни знаења од областа на безбедност и здравје во училишни средини. Тоа беше и основната цел на едукативните презентации, кои во периодот од 12-ти до 20-ти мај, беа реализирани од страна на вработени во Пивара Скопје АД, во рамки на компанискиот пилот-проект за ширење на знаењата од областа на безбедноста и здравјето при работа во заедницата.
Конкретно, преку презентациите, учениците од четвртите одделенија, во присуство на своите наставници, имаа можност на интерактивен и сликовит начин да стекнат сознанија и практични совети за: правилното седење во училишна клупа; правилно држење на телото при пишување и работа со компјутер, како и спречување на повреди предизвикани од лизгање, препнување и паѓање, кои се особено значајни за безбедноста и правилниот физички развој на децата.
Покрај презентациите, обезбедени беа и едукативни материјали, како постери, моливи и тефтерчиња, кои треба да помогнат во пренесување на клучните сознанија и препораки за обезбедување безбедни и здрави училишни денови. Содржината на презентациите и едукативните материјали се прилагодени на возраста на учениците. Партнер во реализацијата на овој едукативен проект е општината Аеродром.
„Сите ние сме свесни дека добрите навики се стекнуваат уште на помлада возраст и дека тие се од исклучително значење за создавање здрави генерации, кои ќе бидат свесни за значењето на здравјето и безбедноста во училиштата, а подоцна и на работното место. Среќни сме и горди што имавме можност на овие деца да им го пренесеме нашето стекнато знаење од областа на безбедност и здравје во работни средини, со што веруваме дека придонесовме тие да развијат поголема свесност и грижа за својата и безбедноста и здравјето на сите останати во рамки на училиштето и надвор од него”, рече Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска, специјалист за односи со јавноста од Пивара Скопје.
„Пивара Скопје АД” со години наназад вложува во здравјето и безбедноста на своите вработени и во нивна едукација на различни и релевантни теми од оваа област, за што оваа година компанијата е добитник и на Националната награда за најдобри практики од областа на безбедноста и здравјето при работа. Компанијата е меѓу првите во Македонија која уште од 2007 година го воведе и успешно се сертифицираше според водечкиот меѓународен стандард за управување со безбедноста и здравјето при работа – OHSAS 18001. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

