Општество
Адеми: Младите во политиката треба да инсталираат нов менталитет
Министерот за образование Абдилаќим Адеми, во вторник присуствуваше на конференцијата „Младите во политиката“.
Адеми потенцираше дека на нашата држава и требаат млади луѓе кои имаат идеи, визија, бидејќи таквите луѓе можат да се соочат со најголемите предизвици на денешницата. Тој додаде дека на нашата држава и требаат луѓе, кои се мотивирани и кои работат напорно, кои ги вложуваат сите свои капацитети, со цел Република Македонија да го добие местото кое и припаѓа-местото во големото европско семејство. „Денес младите се повеќе се интересираат за политиката и активно делуваат преку политичките партии, бидејќи сметаат дека така многу посилно ќе се слушне нивниот глас, дека преку политичкото делување многу повеќе ќе можат да влијаат на промени во општеството“, рече Адеми. Министерот потенцираше дека на политиката и требаат образувани луѓе кои можат разумно да пристапат кон решавање на сите проблеми. „Сакам да ви порачам, ако навистина се определите да бидете политичари, не ја користете за личен интерес, туку за алатка со која ќе го направите светот подобар и побезбеден. Младите во политиката треба да инсталираат нов менталитет, но секогаш во комбинација со искуството на постарите лица. Најдобар начин е преку едукација, каде што младите кои што ќе дипломираат во земјата или надвор од земјата нивните искуства да ги пренесат во политичките партии“, истакна Адеми. Тој додаде дека основањето на два универзитета на албански јазик е добра можност за младите Албанци да студираат на мајчин јазик исто така се создаваат услови за подобрување на студентскиoт стандард како во Тетово, така и во Скопје. „Доделувањето на ученички и студентски стипендии, изградбата на студентски домови, бесплатниот превоз на студентите, изградбата на спортските сали се инвестиции кои влијаат не само на животот на студентите и младите туку влијаат и на избегнување на младите од девијантните дејствија“, истакна министерот Адеми во своето обраќање на конференцијата „Младите во политиката“. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

