Контакт

Општество

Адеми: Наша одговорност е да се запрат негативните појави во образованието

Објавено пред

Докрај ќе се залагам да се стави крај на негативните појави во образованието, тоа е наша одговорност, а како министер надлежен за образование и наука се залагам за подобрување на условите за работа на наставниот кадар во сите нивоа на образованието, подобри услови за учениците и студентите, и за вклучување на сите заинтересирани страни во креирањето на политиките во образованието, рече во понеделникот министерот Абдулаќим Адеми во текот на повеќечасовната дебата околу измените за Законот за образование, а на неа присуствуваат премиерот, министри, ректори и професори кои се за и против измените, но своето учество го откажаа професорите од ткн Професорски пленум.

dobivaj vesti na viber

„Морам да истакнам дека докрај ќе се залагам за да се стави крај на негативните појави во образованието, затоа што наша одговорност е да обезбедиме квалитетно образование за здраво општество и европска визија на нашата држава. Се надевам дека за ова ќе имам поддршка и од вас, академската заедница“, истакна министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на јавната дебата која се одржа во Собранието за предложените реформи во високото образование.

„Предложените измени имаат за цел да ја подобрат состојбата во образованието, состојба која е констатирано при контролата врз високообразовните институции, приватни и јавни, но и следејќи ги европските и светските трендови во образованието“, додаде Адеми.

Потенцираше дека изминатиов период во Министерството за образование и наука биле анализирале неколку параметри и утврдиле индикатори за мерење на квалитетот на високото образование.

„Општа констатација е дека квалитетот на образованието паѓа. Денеска, но и во иднина, нема да барам виновници, затоа што доколку губиме време во изнаоѓање виновници само ќе се губиме во лавиринти. Многу добро ги знаеме причините. Ги имаме зацртано и целите и визијата. Токму затоа сакаме да ги елиминираме причините и да ја постигнеме заедничката цел – подобри услови за вработените и студентите и поквалитетно образование“, потенцираше Адеми и напомна дека е извршена детална контрола на сите приватни високообразовни институции.

Додаде дека жали што во ниту една од нив немаат ангажирано адекватен наставен кадар, кој е главниот столб за квалитетно образование.

„Мислам дека се дефокусираше главната мисија на овие институции, а тоа е да бидат конкурентни во квалитет со јавните универзитети. Да бидам коректен до крај, и во некој од јавните високообразовни институции има недостатоци. Наш заеднички ангажман треба да биде, исполнување на условите во сите високообразовни институции и поквалитетно образование“, истакна Адеми

Според него, стопанствениците и странските инвеститори посочуваат дека се соочуваат со проблеми кога бараат квалификувана работна сила и дека добар дел од дипломираните кадри не ги задоволуваат минимум критериумите и знаења.

Во пакетот на закони во образованието во фокусот се студентите и наставниот кадар во сите нивоа на образованието во државата. „Кога се одлучивме да предложиме измени се водевме од неколку начела, и затоа, предложивме државниот испит да го спроведува Одборот за акредитација и евалуација, тело кое во иднина ќе брои единаесет члена и ќе биде избрано од Собранието и тело кое врши акредитација и евалуација на студиските програми на јавните и приватните високообразовни институции во Република Македонија“, дополни Адеми.

Посочи притоа дека додека за законот се дебатираше во Собранието, од неколку Универзитети и студентски организации пристигнале и конкретни предлози за усогласување на студиските програми на високообразовните институции со студиските програми на најдобро рангирани универзитети во светот по области, како и конкретни предлози за државниот испит.

„Министерството ги анализираше предлозите и смета дека се прифатливи и доколку има предлози во вид на амандмани од страна на пратеничките групи истите ќе бидат прифатени“, порача првиот човек на МОН.

Кога станува збор за објавувањето трудови во списанија со импакт фактор, министерот Адеми рече дека министерството е свесно оти тоа бара предуслови, но и сериозен ангажман на наставниот кадар.

„Целта е да се подобри квалитетот на високото образование, но и другите нивоа во образованието. Министерството за образование и наука е отворено за дебата и конкретни предлози, и истите ќе се анализираат и може да бидат прифатени. Ќе дебатираме и размениме мислења, но не значи дека за се ќе се усогласиме“, рече на крајот од своето обраќање пред членови на Интеруниверзитетската комисија, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми. /крај/мф/бб

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ9 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија9 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија10 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија11 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија11 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион12 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија13 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија13 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет13 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет13 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа14 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет14 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет14 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа14 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион24 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...