Општество
Адеми: Образованието мора постојано да се модернизира и реформира
Неминовно е образованието постојано да се модернизира и реформира, истакна во саботата министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми кој викендов учествува на Глобалниот образовен самит кој се одржува во Истанбул, на кој присуствуваше и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
„Денес можеби побрзо од кога и да е, потребно да се воведуваат новини во образованието. За да бидеме во тек со развојот на научната мисла, како Министерството за образование и наука и како Владата на Репулика Македонија, во континуитет работиме на осовременување на образованието и тоа во сите сфери, во основното, средното и високото образование. Воведените реформи во образовниот систем во нашата земја одговараат на потребите на пазарот на трудот, бидејќи како и на секојоа држава и нам ни е потребен, образован и стручен кадар“, рече Адеми.
Адеми пред присутните зборуваше за дел од реформите кои се направени во образованието во Република Македонија.
„Сакам да потенцирам дека во тек е изготвувањето на нова ‘Стратегија за образование 2016 – 2020’, преку која ќе се зајакнат сите капацитети во воспитно образовната политика на нашата земја. Квалитетното образование овозможува градење на општество базирано на знаење и придонесува целиот овој систем да одговара на потребите на учениците, училиштето, на локалната заедница, бизнис секторот, на целото општествено опкружување“, дополни Адеми.
Осврнувајќи се на реформите преземени во основното образование, министерот потенцираше дека во учениците учат по Кембриџ програмите.
„Една најголемите реформи во основното образование е воведувањето на наставни програми подготвени од Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, најголемиот светски провајдер на меѓународни образовни програми и квалификации за деца на возраст од пет до 19 години. Морам да нагласам дека Република Македонија е прва земја во регионот која воведе наставни програми по Кембриџ. Прво беа воведено од прво до трето одделение, потоа од четврто до шесто, од наредната година математика и предметите од областа на природните науки ќе се воведат во седмо, осмо и деветто одделение. Следен чекор е воведување на светски признатите наставни програми од областа на природните науки во средното образование“, појасни Адеми.
Средното образование во земјата е задолжително, рече Адеми и додаде дека и во оваа сфера се воведуваат новини, со цел средното образование да биде европски усогласено и прилагодено на пазарот на труд.
Министерот се осврна на два капитални проекта кои се наменети за студентите, односно „Програмата за опремување на лаборатории на државните високообразовни установи и јавни научни установи“ и „Превод на илјада стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“./крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

