Општество
Активни пожари има во пет општини
Пет пожари се активни во средата во 17 часот на територијата на земјата, во општините Студеничани, Зелениково, Македонски Брод, Свети Николе и Кичево, известуваат од Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од подрачните одделенија. Засега нема процени за штетите предизвикани од огнените стихии со коишто се справуваат локалните противпожарни служби, територијалните оддели на ДЗС и локалното населени.
Во општината Студеничани, крај Скопје, пожар е регистриран кај селата Елово и Осинчани на мешана шума, и тој е сé уште активен. На гасење на пожарот се ангажирани припадници на Дирекцијата за заштита и спасување и Противпожарната единица од Скопје
Кај село Дејковец, општина Зелениково, исто така, уште е активен пожарот. Според последните информации од подрачното одделение, противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување повторно како и во вторникот се насочени за гасење на овој пожар, а во моментов ангажиран се и вработените од подрачното одделение.
Во Општина Македонски Брод, во атарот на село Крапа пријавен е пожар на нискостеблеста шума и смрека. Пожарот избувнал во 09.45 часот. На терен се ангажирани две лица од дирекцијата за заштита и спасување, три лица од локалната противпожарна единици, девет лица Шумско стопанство. Опожарена е површина од 15 хектари.
Во Општина Свети Николе, кај селото Гурганци на патот кон Куманово во 14 часот избувнал е пожар кој опожарил ниска трева а се заканува да ја зафати и блиската борова шума. На терен се ангажирани противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, како и вработените од подрачното одделение за заштита и спасување.
Во населбата Горица, кичевско, во 11.30 часот е пријавено пожар на стрниште. Пожарот е сé уште активен и на негово гасење се ангажирани локалната единица со едно возило и двајца пожарникари./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

