Контакт

Општество

Александар Матовски Цако ќе зборува пред ОН за Даунов синдром

Објавено пред

Александар Матовски Цако, младо момче со Даунов синдром,  ќе има свој говор како само- застапник на интернационална конференција посветена на 21-ви март Светскиот  ден посветен на лицата со Даунов синдром.

dobivaj vesti na viber

Секоја година, конференцијата е на различна тема, а оваа година темата на која ќе се обратат сите говорници е инклузијата.Александар ќе даде акцент на неговата лична приказна. Преку примери за неговата редовна вклученост во образовниот систем,  социјалната интеграција, поддршката од институциите и околината, Александар ќе се обиде да покаже и истакне дека  токму овие елементи се најважни во развојот на децата, младите луѓе и можноста во иднина да бидат независни и самостојни возрасни.  Александар на оваа конференција ќе оди во придружба на својата сестра Марија Матовска.  Александар, како и целата фамилија Матовски, посебно истакнуваат  благодарност до УНИЦЕФ Македонија, Универзитет  „Св. Кирил и Методиј“, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“  и  Технолошко – металуршки факултет – Скопје, ЦИРКО  и  Семос – Скопје, Метал терм и Еуро левел Скопје  за целокупната  финансиска поддршка. Александар Матовски е роден на 3 февруари 1991  во Скопје, Македонија, како второ дете во семејството Матовски. На 3 месеци му е дијагностициран Даунов синдром.  За родителите на Цако ова било шок. Сепак, тие одлучиле дека  ќе се борат за нивното дете. Од тогаш наваму тие тоа и го прават со голема поддршка од своите други две деца, поголемата ќерка Марија и помалиот син Бојан, како и своите блиски роднини и пријатели. Од многу рана возраст Цако  работи со логопед, психолог, како и воспитувачките во редовната градинка во која бил вклучен од двеипол годишна возраста. Во 1998 година тој започнува да оди во редовно основно училиште, токму во годината во која процесот на образовна инклузија беше инициран во Македонија. Цако во 2006 година го продолжува своето образование во едно од редовните средни училишта во Скопје. Средното  училиште го завршува во 2010 година, и  истата година се запишува на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со што  станува првиот  студент со Даунов синдром во Македонија.Денес, Цако ги завршува студиите и е еден од најистакнатите борци за човекови права и правата на лицата со Даунов синдром. Тој е член на Извршниот одбор на Центарот за младински активизам „Крик“, кој работи со лица со попреченост и се фокусира на интеграција во општеството. Тој е исто така активен член на Трисомија 21 – Скопје и Центар за Даунов синдром Македонија. Цако беше практикант во НВО „Моја кариера“ во периодот декември 2015 – февруари 2016 година, каде што работеше на мапирање на сите лица со попреченост во Македонија. Тој има учествувано во голем број на проекти посветени на лицата со посебни потреби на локално ниво: „Activate talks“, во организација на УНИЦЕФ и Младинскиот образовен форум, „Инклузивен танцов фестивал“, во организација на Tрисомија 21 и Dancers Unted MK, „Бал на различности“ и многу други. На меѓународно ниво, тој беше дел од Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) во „Олде Вехте Фондацијата“ во Омен, Холандија во периодот јули – август 2013 година. Во септември 2013 година Цако беше претставник на УНИЦЕФ на работната средба за развој на пост – 2015 агенда за лица со инвалидитет,  во Истанбул, Турција. Во март 2014 година, по повод Меѓународниот ден на лицата со Даун синдром, Цако ја претстави својата работа во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Во ноември 2015 година, Цако беше дел од младинска  размена  посветена на вклучување на лицата со попреченост „You will never walk alone“ што се одржа во Мерсин, Турција.Во моментов, еден од најважните лични проекти на Цако е „Јас сум Цако“, авторска  радио емисија, која се емитува секоја претпоследна среда во месецот на интернет радиото  „Радио МОФ“. Во неговата емисија Цако става акцент на различни аспекти на животот на лицата со Даунов синдром и на лицата со попреченост во целина. Интересите на Цако вклучуваат:  пишување поезија (тој има објавено две збирки поезија), танц (во Dancers United MK), фотографирање и карате (тој има кафен појас). Добитник е на многу признанија, сертификати и награди за својата работа./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет2 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија4 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија6 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет22 часа

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија22 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија23 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија1 ден

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет1 ден

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија1 ден

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет1 ден

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет1 ден

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија2 дена

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет2 дена

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...