Контакт

Општество

АМС започна соработка за професионален ангажман на македонски тренери во Индија

Објавено пред

 Во Агенцијата за млади и спорт во петокот беше потпишано писмо за соработка меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и  Чираг Пател, главниот извршен директор на глобалната приватна компанија „KOOH Sports“ чие седиште е во Индија и која е една од водечките компании што обезбедува програми за тренинг по меѓународни стандарди, претставувајќи го спортот како животен стил и можност за развој на професионална кариера. 

dobivaj vesti na viber

Договорената соработка е во насока на овозможување услови македонски тренери од неколку спортови, како фудбал, кошарка, тенис и технички експерти за физичко образование да бидат професионално ангажирани за одржување настава и воннаставни спортски активности во индиски приватни образовни установи. Единствен услов за македонските тренери кои ќе покажат интерес за ваков професионален ангажман, кој би траел од неколку месеци до неколку години, е да го зборуваат англискиот јазик и да имаат соодветно искуство во спортската област.

Истовремено, Пател се сретна и со првите луѓе на фудбалската, кошаркарската и тениската федерација, со кои се разговараше за можноста за реализација на програма за организирање на заеднички спортски камп за деца во двете земји, Македонија и Индија.

Иницијативата за почеток на оваа соработка е директен резултат од последното “Роуд шоу” на премиерот Никола Груевски и владиниот економски тим во Индија, истакна Спасески.

Со почетокот на оваа соработка, Агенцијата за млади и спорт и Република Македонија ќе станат дел од реномираниот круг на партнери со кои оваа компанија успешно соработува – национални и меѓународни спортски федерации, академски институции и глобални спортски брендови како „Reebok“.Компанијата „KOOH Sports“ во моментов ангажира повеќе од 250 тренери и други стручни лица од областа на спортот, кои работат во повеќе од сто образовни установи и преку 30 градови, давајќи успешна едукација на околу 100 илјади млади лица на возраст од две до осумнаесет години./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Три активни пожари во државата, еден под контрола, а 27 се изгаснати

Во последното денонноќие, до 07:00 часот утрово, на територијата на Р.С. Македонија имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од...

Македонија21 минута

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Свет49 минути

(Видео) Трамп прашан дали ќе нареди напади врз Венецуела: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде интересен одговор кога беше прашан дали би наредил воени напади врз Венецуела. „Па, ќе...

Македонија52 минути

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија58 минути

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет10 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија15 часа

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ17 часа

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија18 часа

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет21 час

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет22 часа

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија22 часа

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет22 часа

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија23 часа

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија23 часа

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет1 ден

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија1 ден

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија2 дена

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје2 дена

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...

Македонија2 дена

На Табановце чекање и до 40 минути, АМСМ апелира за трпение

Долги колони возила се создаваат на граничниот премин Табановце, каде што за излез и влез во државата се чека и...