Општество
Бесими се обрати на донаторската координативна средба
Во петокот се одржа Донаторска координативна средба на тема „Статусот на програмирањето на ИПА 2 (2014-2020)” каде вицепремиерот за евроинтеграции и национален ИПА координатор, Фатмир Бесими, имаше свое обраќање пред амбасадорите на Европската унија и високи претставници од донаторската заедница присутни во Македонија.
Во петокот се одржа Донаторска координативна средба на тема „Статусот на програмирањето на ИПА 2 (2014-2020)” каде вицепремиерот за евроинтеграции и национален ИПА координатор, Фатмир Бесими, имаше свое обраќање пред амбасадорите на Европската унија и високи претставници од донаторската заедница присутни во Македонија.
На координативната средба беа презентирани и сумирани постигнувањата направени со ИПА 2 во текот на 2014 година, како и превземање на следните чекори и аспекти релевантни за успешна имплементација на ИПА II и друга донаторска помош.
Во рамки на своето обраќање Бесими истакна дека Инструментот за претпристапна помош 2014-2020 или познат како ИПА 2, е цврст доказ за партнерството и силната поддршка која Македонија ја добива од страна на Европската унија.
Во изминатиот период Владата на Република Македонија и државните институции активно работеа во насока на креирање на Националниот стратешки документ ИПА 2, а со цел постигнување на поголема инклузивност и транспарентност на процесот во креирањето на Националниот стратешки документ беше вклучен и граѓанскиот сектор.
Со овој инструмент на Македонија ќе и бидат на располагање вкупно 664,2 милиони евра за реализација на конкретни и стратешки приоритети од повеќе области меѓу кои демократија и владеење, владеење на правото и човекови права, животна средина и климатски акции, транспорт, конкурентност и иновации, образование, вработување и социјални политики, хоризонтални механизми за меѓу-институционална соработка, земјоделство и рурален развој.
Во рамки на повеќегодишните програми во транспортниот сектор и секторот животна средина и климатски акции за периодот 2014-2020 испрограмирани се по 113 милиони евра, за владеење на правото и основните права за периодот 2014-2016, 23,8 милиони евра, за внатрешни работи во рамки на владеење на правото за 2014 год. 7 милиони евра, за конкурентност и иновации за покривање на 2014 год. 18 милиони евра, за интеграција во ЕУ за покривање на 2014 год. 8 милиони евра, за ЕУ програмите и агенциите за покривање на 2014 год. 6,7 милиони евра
На крајот на своето излагање Бесими истакна дека овој тип на средби се од суштинско значење за ефикасна координација на политиките за развој, за да се обезбеди заедничка заложба за подобра употреба на странска помош, со цел да се исполнат приоритетите за развој на земјата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

