Општество
Брима Галуп: ВМРО-ДПМНЕ е поблиска до ставовите на Македонците
Поблиска до ставовите на граѓаните е владејачката ВМРО-ДПМНЕ отколку опозициската СДСМ, покажа анкетата на „Брима Галуп“.
Имено, на прашањето, „Без разлика дали би гласале или не, која партија е поблиска до вашите ставови и лични убедувања?“ кај македонското гласачко тело 38,8 отсто рекле ВМРО-ДПМНЕ, а 18,7 отсто СДСМ.Вклучувајќи ги и гласачите кои припаѓаат на останатите националности во државата, 26,3 отсто се изјасниле дека нивните ставови и убедувања се поблиски до ВМРО-ДПМНЕ, а 14,6 проценти од испитаниците се изјасниле за СДСМ.Македонските гласачи рекле и дека партијата ВМРО-ДПМНЕ со нејзината програма има подобра иднина за Македонија, и тоа 39,8 отсто, а 17,8 отсто се определиле за СДСМ.Ако се вклучат и гласачите од друга националност, тогаш за владејачката партија процентот е 27,4 отсто, 14,6 осто за СДСМ. Дека ВМРО-ДПМНЕ е поактивна за да ја добие нивната поддршка рекле 48,8 отсто, додека за СДСМ само 15,5 отсто. Со другите националности процентот изнесува 33,1 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, наспрема 12,2 отсто за СДСМ.Дури 41, 5 отсто од Македонците веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро би управувала со државата, наспроти 17,5 отсто кои мислат дека то би му успеало на СДСМ. Реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт, на барање и во соработка со неделникот „Република“, во периодот од 5-ти мај до 12-ти мај 2016 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1.006 испитаници на возраст над 18 години.Со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, посебно се издвоени резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците.Истовремено, поаѓајќи од фактот што македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, истражувањето генерално е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии, освен одговорите на прашањето за рејтингот на политичките партии, каде освен македонското гласачко тело во предвид беше земено севкупното расположение на сите етнички заедници (Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати), со цел да се добие реален приказ за расположението на граѓаните за сите релевантни политички партии во државата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

